Категорија: Огласи и соопштенија

КОНКУРС за доделување на Награда „7 Септември“ на град Кавадарци за 2023 година

КОНКУРС за доделување на Награда „7 Септември“ на град Кавадарци за 2023 година

Врз основа на член 8 од Правилникот за начинот , условите и постапката за доделување на Награда  „7 Септември“ (Сл.Гласник на Општина Кавадарци

бр.26/2003 година , Општина Кавадарци Локална Самоуправа објавува,

КОНКУРС

 За доделување на Награда „7 Септември“ на град Кавадарци за 2023 година

 

По повод на „7 Септември“ денот на ослободувањето на град Кавадарци Општина Кавадарци – Локална Самоуправа објавува Конкурс за доделување на Награда „7 Септември“.

  1. Наградата „7 Септември“ на градот Кавадарци се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание на Градот Кавадарци за остварувања во областа на стопанството , науката, уметноста, културата ,воспитанието и образованието , здравствената зашита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претсавуваат посебен придонес за развојот на градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација кај нас и во светот .
  2. На ученици и на студенти наградата се доделува на творечки труд или континуирани , успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што преставуваа посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Кавадарци.
  3. Наградата се доделува за остварувања во изминатиот период од една година (сметано до завршувањето на конкурсот), како и за подолг изминат период кој преставува заокружена творечка или континуирана работна целина .
  4. Наградата за физички и правни лица се состои од диплома и плакета.
  5. Право на предлагање кандидати за наградата имаат правни и физички лица.
  6. Предлогот за наградата треба да биде детално образложен а за кандидатите поедници да содржи и биографија.
  7. Кон предлогот за доделување на наградата за печатени дела и други изданија се приложуваат и два (2) примерок од делото.

Предлагачот е потребно да ги наведе својот полн назив, адреса и телефонски број.

Предлозите и иницијативите да се достават до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија при Совет на Општина Кавадарци ,најдоцна до 18 Август 2023 година .

Формулар за конкурирање за наградата „7 Септември“ на град Кавадарци може да се подигне во Граѓанско информативниот центар во Општина Кавадарци.

Предлозите се поднесуваат во два (2) примероци преку пошта или директно во Архива на Локалната Самоурава Кавадарци соба бр.20.

 

Информации на телефон:

078-318-608

043/416-130

 

Финална листа на баратели за субвенционирање на велосипеди за 2023 година

Финална листа на баратели за субвенционирање на велосипеди за 2023 година

Финална листа од одобрени и одбиени барања во рамките на предвидениот Буџет и критериумите согласно Правилникот по Јавниот Повик за имплементација на мерките за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Кавадарци за купување велосипеди за 2023 година.

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2023

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2023

Врз основа на  член 48  од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18, и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр.275/19, 14/20, 215/21 и 99/22) и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното мест за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/15 и бр.35/18 и Службен весник на РСМ бр.303/20), а согласно Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-6196/3 од 28.11.2019 година и Правилник за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во Општина Кавадарци бр.04-1911/1 од 26.03.2021 година, бр.04-1911/6 од 27.04.2021 година, бр.04-2567/1 од 12.04.2022 година и бр.04-2567/4 од 24.11.2022 година,  Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

 

И Н Т Е Р Е Н  О Г Л А С  БРОЈ 02/2023

За унапредување на 1 административен  службеник во општинската администрација на Општина Кавадарци

 

Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на административен службеник 1 (еден) извршител и тоа :

 

1.УПР 01 01 Б04 000 Раководител на Одделение за комунални дејности, Сектор за комунални работи, урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина…………..1 (еден) извршител.

 

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
ПОТВРДА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПРОЕКТНА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ

ПОТВРДА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПРОЕКТНА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ

ПОТВРДА ЗА ОДОБРУВАЊЕ на ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на дел од КП 1723, КП 1725, КП 1726, КП 1727, КП 1728 КО Марена, Општина Кавадарци.

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИНФРАСТРУКТУРА

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИНФРАСТРУКТУРА

СООПШТЕНИЕ

За спроведување на јавен увид по УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИНФРАСТРУКТУРА за Изградба на водоводна мрежа со резервоар, канализациона мрежа и реконструкција на постојните каптажи во Моклиште –  Општина Кавадарци.

 

Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека се организира Јавен увид по  УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИНФРАСТРУКТУРА за Изградба на водоводна мрежа со резервоар, канализациона мрежа и реконструкција на постојните каптажи во Моклиште –  
Општина Кавадарци, со технички број УП – 05/21 од 2023 изработен од ХИДРО ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕРИНГ – СКОПЈЕ.