Категорија: Огласи и соопштенија

ОБЈАВА број 2/2018 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци

ОБЈАВА број 2/2018 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ОБЈАВА број 2/2018

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија

по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци

 

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

1.Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, ,предвидено со ДУП за дел од УБ 10 К Опитно Поле 3 2013-2018 KO Кавадарци 2, донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 08-141/12 од 21.01.2016 година, за изградба на објекти со намена А2 – домување во станбени згради (компатибилна класа на намена Б1,Б4, В3, Д3-40% – мали комерцијални и деловни намени) согласно Табеларен преглед 1 во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежните парцели, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

 

ОБЈАВА број 2/2018
Р Е Ш Е Н И Е за свикување ДВАНАЕСЕТТАТА  седница  на Советот на Општина Кавадарци

Р Е Ш Е Н И Е за свикување ДВАНАЕСЕТТАТА седница на Советот на Општина Кавадарци

Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.05/2002), член 79 од Статутот на Општина Кавадарци (“Сл.гласник на Општина Кавадарци” бр.8/2005) и член 56 од Деловникот на Советот на Општина Кавадарци (“Сл.гласник на Општина Кавадарци” бр.21/06), донесувам

 

 

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување
ДВАНАЕСЕТТАТА  седница

 на Советот на Општина Кавадарци

 

I

                         Ја свикувам Десеттата  седница на Советот на Општина Кавадарци  на ден 19.06.2018година (вторник), со почеток во 12,00 часот.

Седницата на Советот на Општина Кавадарци ќе се одржи во Голема сала на Општина Кавадарци.

I I

                        За работа на седницата го предлагам, следниот

 

Д н е в е н   р е д

–          Усвојување на Записник од единаесеттата седница на Советот на Општина Кавадарци  одржана на ден 30.05.2018 година;

  1. Предлог – Статут на Јавното Претпријатие за јавни паркиралишта ,,ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ“Каваадрци.
  2. Предлог –Одлука за  утврдување на Нацрт изменување и дополнување на Детален Урбанистички План за УБ 22К- дел 23К, Општина Кавадарци;
  3. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање надоместок за утврдување на правен статус на бесправен објект (Градски Парк-соблекувална);
  4. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање надоместок за утврдување на правен статус на бесправен објект (Градски Парк-базен);
  5. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање надоместок за утврдување на правен статус на бесправен објект (доградба на ДТВ,,Партизан“);
  6. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање надоместок за утврдување на правен статус на бесправен објект (спортски рекреативни објекти на м.в,,Парк);
  7. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање надоместок за утврдување на правен статус на бесправен објект (образовен објект на ул,,Цветан Димов,,ЈОУДГ Рада Поцева“);
  8. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање надоместок за утврдување на правен статус на бесправен објект (целодневен престој во ООУ Страшо Пинџур );
  9. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање надоместок за утврдување на правен статус на бесправен објект (ООУ Димката Ангелот Габерот с.Ваташа);
  10. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање надоместок за утврдување на правен статус на бесправен објект (доградба на ООУ Димката Ангелот Габерот);
  11. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање надоместок за утврдување на правен статус на бесправен објект (доградба на објект за деца со посебни потреби ООУ Страшо Пинџур);
  12. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање надоместок за утврдување на правен статус на бесправен објект (училиште во с.Марена );
  13. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање надоместок за утврдување на правен статус на бесправен објект(Пионерски дом)
  14. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање надоместок за утврдување на правен статус на бесправен објект(Младински дом),
  15. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање надоместок за утврдување на правен статус на бесправен објект(Котлара),
  16. Предлог-Одлука за давање согласност за склучување на Спогодба (Илчо Богевски);
  17. Предлог – Одлука за давање согласност за склучување на Спогодба (Ванчо Младенов);
  1. Предлог –Одлука за определување на крајбрежен појас на  река Луда Мара во општина Кавадарци, опфатен со Генерален Урбанистички План за Град Кавадарци со населбите Ваташа и Глишиќ за изградба во КО Кавадарци 1, КО Кавадарци 2, КО Глишиќ, КО Ваташа , Општина Кавадарци.
  2. Предлог – Програма за изменување и дополнување на програмата за комунални дејности за 2018 година;
  3. Предлог – Програма за изменување и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Кавадарци за2018 година;

 

 

 

 

 

  1. Предлог-Одлука за давање согласност за склучување на судска спогодба за регулирање на мегусебни односи во врска со судски предмет ВПП.бр.214/17  заведен пред Основен суд Кавадарци;
  2. Предлог – Одлука за одобрување на набавка на основни средства.
  3. Предлог – Одлука за потребата од донесување на нова урбанистичко планска документација за објекти надвор од плански опфат.
  4. Одлука бр.02-740/5 од 11.06.2018 година за донација за лекување на лицето Иван Новески од Кавадарци, донесена од Управен Одбор на ЈП,,Комуналец,, Кавадарци;
  5. Одлука бр.02-740/7 од 11.06.2018 година за донација за остварување на проект од јавен интерес за Градски ракометен клуб Тиквеш 2014 Кавадарци, донесена од Управен Одбор на ЈП,,Комуналец,, Кавадарци;
  6. Одлука бр.02-740/9 од 11.06.2018 година за донација за остварување на проект од јавен интерес за Градски Фудбалски клуб Тиквеш 1930 Кавадарци, донесена од Управен Одбор на ЈП,,Комуналец,, Кавадарци;

 

 

Напомена : Материјалот од дневниот ред по точките од 16 до 20 ќе Ви биде дополнително доставен.

СОВЕТ НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ      

                                      Претседател

                                                                     Ристо Сакалиев ,с.р

 

 

 

 

 

ОБЈАВА бр.2/2018 За продажба на движни ствари  – патнички моторни возила по пат на електронско јавно наддавање (Втора објава)

ОБЈАВА бр.2/2018 За продажба на движни ствари – патнички моторни возила по пат на електронско јавно наддавање (Втора објава)

            Врз основа на член 2 став 1 точка 4 алинеја 2, член 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 46, 47, 48 и член 49 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл.весник на РМ“ бр.78/15, бр.106/15, бр.153/15, бр.190/16 и бр.21/18),  Одлука за продажба на движни ствари – моторни возила во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2175/25 од 24.04.2018 година донесена од Советот на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.11/18), и Извештај за извршена процена за утврдување на пазарна вредност на транспортни средства  бр.13-1404/2 од 05.04.2018 година изработен од ДТЛППУТ„Оптима Логистик АГ“ ДООЕЛ Кавадарци, Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Кавадарци објавува:

  

ОБЈАВА бр.2/2018 За продажба на движни ствари  – патнички моторни возила по пат на електронско јавно наддавање (Втора објава) 

 

1. ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА СО ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на оваа објава со електронско јавно наддавање е продажба на движни ствари – патнички моторни возила сопственост на Општина Кавадарци, кои се продаваат согласно Одлука за продажба на движни ствари – моторни возила во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2175/25 од 24.04.2018 година донесена од Советот на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.11/18).

2. ПОДАТОЦИ ЗА ПАТНИЧКИТЕ МОТОРНИ ВОЗИЛА КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА, ПОЧЕТНАТА ЦЕНА НА ВОЗИЛАТА, БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА, МИНИМАЛЕН ЧЕКОР, ВРЕМЕ НА ПОЧЕТОК НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ

 

Податоци за возилото Проценета почетна цена Банкарска гаранција Минимален чекор Час / почеток
1. Моторно возило марка AUDI A4–         Регистарски број: VЕ-988-KN;

–         Прва регистрација: 31.10.2003 година;

–         Година на производство: 1995;

–         Вид на возило: PATNICKO;

–         Марка и Тип: AUDI A4;

–         Број на шасијата: WAUZZZ8DZTA108455;

–         Број на мотор: ADP080328;

–         Места за седење: 5

–         Сила и работна зафатнина на моторот: 74KW/ 1596cm3;

–         Боја: t.crvena 77.

 

86.339,00 денари 1.727,00 денари Без ограничување 10:00 часот
2. Моторно возило марка FIAT 323 LINEA –         Регистарски број: KA-0638-AB;

–         Прва регистрација: 17.05.2012 година;

–         Година на производство: 2011;

–         Вид на возило: PATNICKO;

–         Марка и Тип: FIAT 323 LINEA;

–         Број на шасија: ZFA32300003124706;

–         Број на мотор: 3884212;

–         Mеста за седење: 5;

–         Сила и работна зафатнина на моторот: 66KW;

–     Боја: CRVENA MET

279.726,00 денари 5.595,00денари Без ограничување 10:30 часот

 

Почетната цена на движната ствар е проценетата вредност на истата наведена во табеларниот приказ за секое патничко моторно возило.

 Цената за продажба на движните ствари е утврдена согласно Извештај за извршена процена за утврдување на пазарна вредност на транспортни средства бр.13-1404/2 од 05.04.2018 година изработен од ДТЛППУТ„Оптима Логистик АГ“ ДООЕЛ Кавадарци.

  

3. ДАТУМ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ

             Електронското јавно наддавање ќе се одржи на ден 05.07. 2018 година (Четврток) со почеток од 10:00 часот.

            Електронското јавно наддавање ќе се одржи на следната интернет страница www. e-stvari.mk.

  4. ПРАВО НА УЧЕСТВО

 Право на учество на електронското јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на движните ствари на територијата на Република Македонија согласно со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.

Заинтересираните лица можат да учествуваат за едно или повеќе возила со поднесување на Пријава за учество поединечно за секое возило.

Увид на движните ствари – возила кои се предмет на елктронското јавно наддавање заинтересираните субјекти ќе може да извршат секој работен ден во рокот од точка 6 од огласот, во периодот од 10 до 16 часот лица за контакт Драган Рамов 072/307-241  и  Ристе Спанџов 078/280-927.

  5. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ  

  Заинтересираните правни и физички лица електронски поднесуваат Пријава за учество на јавното наддавање, која треба да ги содржи сите податоци и докази утврдени во објавата. (За да може да поднесе пријава за учество заедно со доказите утврдени со објавата секое физичко и правно лице треба претходно да се регистрира на страната  www.e-stvari.mk). Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени електронски јавни наддавања спроведени преку овој систем за него сеуште важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка – од учество во постапка која ја спроведувала било која општина).

 Доказите кои е потребно да се достават кон пријавата за електронското јавно наддавање, регистрираното лице е должно да ги прикачи во системот во скенирана копија на оригиналот во PDF формат, и тоа:

1. Изјава за прифаќање на условите што се дадени во Објавата;

2. Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2 % од проценетата вредност на движната ствар, за учество на јавното наддавање. Покрај електронски, банкарската гаранција за сериозност на понудата треба во писмена форма (во оригинал) да се достави на адреса – Општина Кавадарци ул.„Плоштад Маршал Тито“бб Кавадарци за Комисија за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Кавадарци. Недоставувањето на банкарската гаранција во писмена форма до комисијата ја прави пријавата неприфатлива и истата ќе биде одбиена.

3. Доказ за идентитет за правни лица;

            – тековна состојба од Централен регистар на Р.М. – не постара од шест месеци (за домашни правни лица);

– извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа (за странски правни лица);

4. Доказ за идентитет на физички лица:

            – копија од лична карта или патна исправа;

            5.  Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронско јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на страната www.e-stvari.mk на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање.

Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетирани согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат.

 6. РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Рокот за поднесување на пријава за учество на јавното наддавање е 20 дена од денот на објавување на објавата, заклучно со 02.07.2018 година (Понеделник).

 7. БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.

            Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, од банка која што работи и врши банкарски активности во Република Македонија, а времетраењето на банкарската гаранција треба да биде со рок до 15.08.2018 година.

8. ПОСТАПКА

 Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на возилото и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

Јавното наддавање ќе се одржи и доколку по Објавата се пријавил само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во Објавата и ја наддаде почетната цена.

Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат односно зголемуваат цената на возилото. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда. Јавното наддавање продолжува неограничено, се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.

Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на движната ствар се намалува за 2% од проценетата вредност по што учесниците на јавното наддавање повторно имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената на возилото без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите  пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од 5 минути повторно нема понуда, вредноста на движната ствар повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност.

За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за продажба на движната ствар.

Комисијата по завршување на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се  доставува до сите учесници на јавното наддавање.

Учесниците имаат право на Приговор само по однос на постапката за јавно наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со Решение во рок од 5 дена од приемот на приговорот.

Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор е должен да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена за возилото на сметка на Општина Кавадарци, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните движни ствари.

Со најповолниот понудувач, во рок од 15 работни дена по извршената уплата на цената на возилото, се склучува Договор за продажба на движните ствари.  Договорот во рок од 30 дена купувачот го доставува кај нотар заради заверување на истиот. Обврската за трошоци за заверка на Договорот паѓаат на товар на купувачот.

            Оваа објава ќе биде објавена на web  страната на Општина Кавадарци.

  

Комисија за недвижни и движни ствари

сопственост на Општина Кавадарци

 

       Претседател Славица Игнатовска

                    Член  Ѓоко Камчев

                Член КристинаЧејкова        

 

 

ОБЈАВА бр.2/2018 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

       

 

 

ИЗЈАВА ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИ ОД ОБЈАВА БР.2/2018– (ВТОРА ОБЈАВА) ОД 13.06.2018 ГОДИНА

 

И З Ј А В А

Јас долупотпишаниот _______________________________________________, од __________________, ул._______________________ бр.________, со ЕМБГ/ЕДБ _________________________ во својство на понудувач под полна материјална и кривична одговорност ИЗЈАВУВАМ дека со поднесувањето на Пријавата ги прифаќам условите што се дадени во ОБЈАВА број 2/2018 – (втора објава)  од 13.06.2018 година за продажба на движни ствари – патнички моторни возила во сопственост на Општина Кавадарци со електронско јавно наддавање.

________________ 2018 година

Изјавил /Понудувач

 ____________________

     До

Комисија за недвижни и движни ствари

             на Општина Кавадарци

           ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

П Р И Ј А В А

ИМЕ И ПРЕЗИМЕ

НАЗИВ НА ПРАВНОТО ЛИЦЕ

ПОДАТОЦИ за

(физичко лице – домашно или

(правно лице – домашно или

странско)

странско)

Подносителот  на

пријавата:

1.

АДРЕСА ОД
ЛИЧНА КАРТА:
(за физичко лице)
ЕМБС (за правно
лице)
СЕДИШТЕ НА
ПРАВНОТО  ЛИЦЕ:
(за правно лице)
Домашен телефон: Мобилен телефон

2.

ПОДАТОЦИ ЗА

е-маил адреса: (задолжително)

КОНТАКТ:

Се пријавувам за учество на електронско јавно наддавање за продажба на движни ствари во сопственост на Општина Кавадарци со електронско јавно наддавање, согласно Објава  број 2/2018 (Втора објава) од 13.06.2018 година.

За движна ствар (заокружете број на возило),

1. Моторно возило марка AUDI A4;

 

2. Моторно возило марка FIAT 323 LINEA

 

Како прилог Ви ги доставувам следните документи :

–          изјава со којашто ги прифаќаат условите што се дадени во Објавата бр. 2/2018 – Втора објава;

–          тековна состојба од Централниот регистар на Република Македонија не постара од 6 месеци (за домашни правни лица);

–          извод од регистрација од соодветен регистар од државата од која доаѓа (за странски правни лица);

–          за физички лица копија од лична карта или пасош;

–          доказ за уплатена Банкарска гаранција.

Со поднесување на пријавата ги прифаќам условите што се дадени во објавата.

 

Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени

_______________                                                                                                                 _________________

Дата                                                                                                                                 Подносител          

ЈАВЕН ПОВИК За вклучување на невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктура и заштита на животна средина на локално ниво

ЈАВЕН ПОВИК За вклучување на невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктура и заштита на животна средина на локално ниво

Општина Кавадарци, врз основа на Јавниот Повик за учество во активна мерка ( ОП 2018 Мерка 4.2) – Јавни работи од агенција за вработување на Република Македонија, има потреба од ангажирање општи работници поради што објавува:

 ЈАВЕН ПОВИК За вклучување на невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктура и заштита на животна средина на локално ниво

Се повикуваат сите невработени заинтересирани лица да се пријават за извршување на јавни работи за потребите на Општина Кавадарци според Јавниот повик на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Јавниот повик се објавува поради потребата на општина Кавадарци за ангажирање 12 лица, кои доброволно ќе извршуваат активности во правец на:

–          Оплеменување на зеленилото низ градот,

–          Засадување на нови сандици

–          Подигање на нови зелени површини низ градот

–          Средување на јавните зелени површини низ градот

–          Кастрење на вегетацијата

–          Одржување на селските патишта и фудбалски игралишта

–          Како и чистење и оддржување на чистотата на повеќе локации

Времетрањето на ангажманот е 22 дена, кое ќе се регулира со склучување на договор за ангажман. На невработените лица ќе им се исплаќа  400 денари по работно ангажирано лице дневно со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболува

На корисниците на парична помош за времетраење на мерката ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Заинтересираните лица потребно е да достават – Пријава, коија од лична карта и копија од трансакциона сметка на следната адреса: Општина Кавадарци ул.Плоштад Маршал Тито бб со назнака за јавен повик За пријавување на 12 кандидати-општи работници или директно во архива на Општина Кавадарци соба бр.20.

Рокот за пријавување е 5 дена од датумот на објавување на јавниот повик на веб страната на општина Кавадарци.

По завршувањето на рокот за пријавување по јавниот повик, пријавените кандидати ќе бидат повикани. Условите, правата и обврските ќе бидат уредени помеѓу општина Кавадарци, Агенцијата за вработување на Република Македонија и анажираното лице.

Јавен повик

Соопштение – Се забранува сообраќајот кај новиот кружен тек

Општина Кавадрци информира дека во деновите од 01.06.2018 година до 05.06.2018 година, ќе се изведуваат градежни работи (асфалтирање) на новиот кружен тек на спојот од улиците: „Партизанска“ со ул. „Блажо Алексов“ и булевар „Видое Смилевски“.

За таа цел Ве известуваме дека во овој период, наведените делови од споменатите улици ќе бидат целосно затворени за одвивање на сообраќајот.

Ваквиот привремен изменет режим на сообраќај ќе биде ознаачен со соодветна вертикална сообраќајна сигнализација од страна на изведувачот на работите.

Воедно општината ги информира жителите на околните згради и куќи да ги остранат своите возила и друга механизација од наведените улици, како би можела оперативата на фирмата изведувач, асвалтирањето да го изврши непречено и благовремено.