Категорија: Огласи и соопштенија

РЕШЕНИЈА ЗА ДАНОК НА ИМОТ ЗА 2018 ГОДИНА

РЕШЕНИЈА ЗА ДАНОК НА ИМОТ ЗА 2018 ГОДИНА

Општина Кавадарци ги информира граѓаните даночни обврзници дека во тек е доставување на новите Решенија за  данок на имот кои во наредниот период ќе бидат доставени.

Еден од приоритетите по конституирањето на новата локална власт, е собирањето на данокот на имот од граѓаните и фирмите. Затоа општината пристапи кон усогласување на фактичката состојба на теренот со законската регулатива.

Решенијата за данок на имот за 2018 година се усогласени со следните параметри:

– спроведено е опфаќање на ново легализираните објекти согласно законот.

–   усогласување на решенијата со зонирање на објектите.

– извршена е усогласување на последната пазарна вредност на оданочувањето.

Општина Кавадарци уште еднаш апелира до граѓаните совесно и одговорно да се однесуваат кон законската обврска за плаќање на Данокот на имот бидејќи тие пари се користат исклучиво за  граѓаните.

 Тоа се „НАШИ ПАРИ ЗА НАШАТА ОПШТИНА“.

 Плаќањето данок на имот е  должност на секој граѓанин но во исто време и придонес на поединецот во иднината на неговата општина. Платете го вашиот данок навреме, нашата Општина Кавадарци ќе ви биде благодарна. Ќе добиете  поубави улици, подобро јавно осветлување, место за изградба на фабрики и отворање на нови работни места, поубави и посовремени училишта, гостување на познати уметници, музичари рок групи, а пензионерите поубави простори за трошење на слободното време.

Општината ги потсетува граѓаните и фирмите на оваа нивна законска обврска.

Воедно изразува благодарност за разбирањето и поддршката.

Лице за контакт:

Надица Алексова : 072 307 229; nadicaaleksova@yahoo.com

 Флорина Делова : 075 311 156; florinasilevska@yahoo.com

Општина Кавадарци

Градоначалник

М-р Митко Јанчев

Собир на граѓани на Месна заедница „Сопот“ Кавадарци

Собир на граѓани на Месна заедница „Сопот“ Кавадарци

Собир на граѓани на Месна заедница „Сопот“ Кавадарци на ден 04.06.2018 година (понеделник) со почеток во 20.00 часот, во просториите на Домот во с. Сопот, Кавадарци со следниот ДНЕВЕН РЕД: Предлагање, утврдување и избор на нови членови на Советот на Мњсна заедница Сопот Кавадарци.

Се повикуваат сите полнолетни жители на Месната заедница Сопот да просуствуваат на Собирот на граѓани.

ЈАВЕН ПОВИК за изразување на интерес на лица  за извршување на работни задачи од  областа Внатрешна ревизија во Општина Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК за изразување на интерес на лица за извршување на работни задачи од областа Внатрешна ревизија во Општина Кавадарци

Врз основа на член  22 став (1)  точка 12 од Законот за Локалната Самоуправа    (Сл. Весник на Р.М. бр.05/2002),  а за потребата  од исполнување на законската обврска согласно  членовите 29, 30 и 31 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на Р. М.“ бр. 90/2009, 188/2013 и 192/2015), Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

     ЈАВЕН ПОВИК

за изразување на интерес на лица

за извршување на работни задачи од

областа Внатрешна ревизија во Општина Кавадарци

Целта на внатрешната ревизија е на раководителот на субјектот од јавниот сектор да му обезбеди независно разумно објективно уверување и совет со цел за подобрување на работењето на субјектот и зголемување на ефективноста на системите за внатрешна контрола.

Со цел да се придонесе во подобрувањето на работењето на институцијата, а и согласно  членовите 29, 30 и 31 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на Р. М.“ бр. 90/2009, 188/2013 и 192/2015), Општина Кавадарци ги повикува сите заинтересирани лица да се пријават на јавниот повик за регулирање, развој и усогласување на системот за внатрешна ревизија.

Заинтересираните лица  треба да ги исполнуваат следните критериуми:

–          Завршено универзитетско образование од областа (правни или економски науки ),

–          Работно искуство и познавања од областа Внатрешна ревизија.

Заинтересираните лица  треба да ги достават следните документи:

–          Пријава со кратка биографија,

–          Доказ  за завршено образование,

–          Доказ за работно искуство.

Пријавата со  бараните документи да се достави  во затворен плик со назнака Јавен повик- Внатрешна ревизија, во архива на Општина Кавадарци најдоцна до  28.05.2018 година.

По разгледување на пријавите заинтересираните лица  ќе се повикаат на разговор.

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

 ГРАДОНАЧАЛНИК

м-р. Митко Јанчев

ОБЈАВА бр.1/2018 За продажба на движни ствари  – патнички моторни возила по пат на електронско јавно наддавање

ОБЈАВА бр.1/2018 За продажба на движни ствари – патнички моторни возила по пат на електронско јавно наддавање

Врз основа на член 2 став 1 точка 4 алинеја 2, член 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 46, 47, 48 и член 49 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл.весник на РМ“ бр.78/15, бр.106/15, бр.153/15, бр.190/16 и бр.21/18),  Одлука за продажба на движни ствари – моторни возила во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2175/25 од 24.04.2018 година донесена од Советот на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.11/18), и Извештај за извршена процена за утврдување на пазарна вредност на транспортни средства  бр.13-1404/2 од 05.04.2018 година изработен од ДТЛППУТ„Оптима Логистик АГ“ ДООЕЛ Кавадарци, Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Кавадарци објавува:

 

ОБЈАВА бр.1/2018 За продажба на движни ствари  – патнички моторни возила по пат на електронско јавно наддавање (Прва објава) 

 

1. ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА СО ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на оваа објава со електронско јавно наддавање е продажба на движни ствари – патнички моторни возила сопственост на Општина Кавадарци, кои се продаваат согласно  Одлука за продажба на движни ствари – моторни возила во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2175/25 од 24.04.2018 година донесена од Советот на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.11/18).

 

2. ПОДАТОЦИ ЗА ПАТНИЧКИТЕ МОТОРНИ ВОЗИЛА КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА, ПОЧЕТНАТА ЦЕНА НА ВОЗИЛАТА, БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА, МИНИМАЛЕН ЧЕКОР, ВРЕМЕ НА ПОЧЕТОК НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ

Податоци за возилото Проценета почетна цена Банкарска гаранција Минимален чекор Час / почеток
1 Моторно возило марка MERCEDES-BENZ E 200 KOMPRESOR–         Регистарски број: KA-0001-AB-         Прва регистрација: 18.10.2005 година;-         Година на производство: 2005

–         Вид на возило: M1 PATNICKO

–         Марка и Тип на мотор: MERCEDES-BENZ E 200 KOMPRESOR;

–         Број на шасија: WDB2110421A21A882167

–         Број на мотор: 27194830960031

–         Носивост или број на места: 5

–         Сила и зафатнина на мотор: 120KW/1796 cm3;

–         Врста на гориво: BENZIN

–      Боја: CRNA/20

286.758,00 денари 5.735,00 денари Без ограничување 09:30 часот
2 Моторно возило марка AUDI A4–         Регистарски број: VЕ-988-KN;-         Прва регистрација: 31.10.2003 година;-         Година на производство: 1995;

–         Вид на возило: PATNICKO;

–         Марка и Тип: AUDI A4;

–         Број на шасијата: WAUZZZ8DZTA108455;

–         Број на мотор: ADP080328;

–         Места за седење: 5

–         Сила и работна зафатнина на моторот: 74KW/ 1596cm3;

–         Боја: t.crvena 77.

 

86.339,00 денари 1.727,00 денари Без ограничување 10:00 часот
3 Моторно возило марка FIAT 323 LINEA –         Регистарски број: KA-0638-AB;-         Прва регистрација: 17.05.2012 година;-         Година на производство: 2011;

–         Вид на возило: PATNICKO;

–         Марка и Тип: FIAT 323 LINEA;

–         Број на шасија: ZFA32300003124706;

–         Број на мотор: 3884212;

–         Mеста за седење: 5;

–         Сила и работна зафатнина на моторот: 66KW;

–     Боја: CRVENA MET

279.726,00 денари 5.595,00денари Без ограничување 10:30 часот

Read More

Известување за исцрпени средства за субвенционирање на велосипеди

Известување за исцрпени средства за субвенционирање на велосипеди

Општина Кавадарци ве известува дека ЈАВЕНИОТ ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2018 година се затвора заради исцрпување на расположливите средства предвидени во Одлуката за определување на максималниот износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување на велосипед бр. 08-2175/45 од 24.04.2018 година.

Список на одобрени барања за субвенционирање при купување на велосипед