Објава број 1/2017 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци
ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
ОБЈАВА број 1/2017
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија
по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
1.Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, ,предвидено со ДУП за дел од УБ 10 К Опитно Поле 3 2013-2018, донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 08-141/12 од 21.01.2016 година, за изградба на објекти со намена А2 – домување во станбени згради (компатибилна класа на намена Б1,Б4, В3, Д3-40% – мали комерцијални и деловни намени) согласно Табеларен преглед 1 во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежните парцели, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.
2. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со ДУП за измена и дополнување на ДУП за дел од блок Б Урбан Блок Едвард Кардељ 2014-2018, донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 08-5890/24 од 28.12.2016 година, за изградба на објекти со намена А2 – домување во станбени згради (компатибилна класа на намена Б1,Б2,Б4,Б5, В3,В4 Д3-40% – мали комерцијални и деловни намени) согласно Табеларен преглед 2 во кој се дадени податоци за градежната парцела, број на катастарска парцела опфатена со градежната парцела, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.
Фондацијата Елена Лука објавува оглас за самохрани мајки за поддршка за започнување на сопствен бизнис или проширување на веќе постоечкиот
Фондацијата Елена Лука објавува оглас за самохрани мајки за поддршка за започнување на сопствен бизнис или проширување на веќе постоечкиот од следните општини: Скопје, Прилеп, Штип, Радовиш, Кавадарци. Во рамки на проектот ќе бидат поддржани 5 самохрани мајки со по 100.000 денари.
Јавен оглас за самохрани мајки
Заинтересираните самохрани мајки се поканети и охрабрени се пријават на јавниот оглас за добивање на неповратна поддршка во износ од 100.000 денари.
Критериуми за аплицирање
- Самохрани мајки кои сакаат да започнат сопствен бизнис или да го унапредат веќе постоечкиот;
- Самохрани мајки со деца на возраст до 26 години;
- Државјани на Република Македонија
Опис на поддршката
Поддршката ќе се состои во набавка на техничка опрема, материјали за работа или обезбедување обуки. Краен рок за аплицирање е 08 мај 2017.
ЈАВЕН ПОВИК БР. 1/2017 за прибирање на барања за остварување на правото за реконструкција на станбени згради за подобрување на енергетската ефикасност во колективното домување во Општина Кавадарци
Врз основа на член 50 од Законот за Локална Самоуправа (Службен весник на Р.М бр.5/2002 од 29.01.2002 година ), член 113 од Статутот на Општина Кавадарци ( Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.8/05 ) Член 1 од Одлуката за прифаќање на проектот обезбедување подршка во подобрувањето на енергетската ефикасност во колективното домување во Општина Кавадарци бр.07-2695/11 од 17.06.2014г. и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за прифаќање на проектот”Обезбедување подршка во подобрувањето на енергетската ефикасност во колективно домување” бр. 08-690/10 од 28.02.2017г. oд Совет на Општина Кавадарци и член 5 од Правилникот за одредување на критериумите и условите кои треба да се исполнат за имплементирање на мерките за обезбедување подршка во подобрувањето на енергетската ефикасност во колективното домување во Општина Кавадарци,
ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА објавува ЈАВЕН ПОВИК БР. 1/2017 за прибирање на барања за остварување на правото за реконструкција на станбени згради за подобрување на енергетската ефикасност во колективното домување во Општина Кавадарци.
Јавна расправа Екологија на тема „Состојби и можни решенија за надминување на проблемот со сезонското загадување на воздухот со ПМ 10 честички“
Општина Кавадарци организира Јавна расправа на тема: „Состојби и можни решенија за надминување на проблемот со сезонското загадување на воздухот со ПМ 10 честички“
Се повикуваат заинтересираните граѓани, како и претсавниците на НВО секторот на ден 15.02.2017 (среда) да присуствувата и да земат учество со свои дискусии во темата.
Јавната распара ќе се одржи во големата сала на Општината со почеток во12:00 часот.