Соопштение за организирање на Јавна расправа за Урбанистички палан за село Сопот – Општина Кавадарци
Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови и тоа: Детални Урбанистички Планови, Урбанистички планови за села и Урбанистички планови за вон населено место.
Иницијативите може да се доставуваат во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма во архива на Општина Кавадарци.
Предмет на иницијатива може да биде нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.
Иницијативите се финансираат од правни и физички лица.
Јавниот повик трае од 25.08.2016 год. до 25.09.2016 год.
Се повикуваат сите стари и изнемоштени лица, кои живеат сами, односно со својот брачен другар на кој им е потребна грижа, инвализирани лица на кои им е потребна нега како и лицата со оштетен вид кои имаат потреба од поддршка, да се вклучат во програмата Општинско корисна работа, Проект „Грижа за стари, изнемоштени и лица со оштетен вид“ како крајни корисници.
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Грижа за стари, изнемоштени и лица со оштетен вид” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци.
Почитувани,
Општината Кавадарци ги информира граѓаните дека Согласно годишната програма за дезинсекција, почнувајќи од сабота 30.07.2016 година, па во наредните три дена, ќе изврши запрашување против комарци.
Запрашувањето што ќе се изврши од земја во раните утрински часови и тоа на целата територија на Општината. ќе го спроведе Центарот за јавно здравје-Велес,
Во оваа прилика се известуваат сопствениците на пчели да превземат мерки на заштита на пчелните семејства, како не би дошло до несакани последици.
Доколку во предвидените денови има врнежи од дожд, тогаш запрашувањето против комарци ќе се спроведе во првиот сончев ден после врнежите.