Категорија: Огласи и соопштенија

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАСАДИ ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАСАДИ ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

 Се повикуваат граѓаните на Општина Кавадарци  на кои ниските температури што ја зафатија Општина Кавадарци во периодот од 26.04.2016 до 28.04.2016 им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти и земјоделски посеви, истата да ја пријават во просториите на Општина Кавадарци.

  Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот во периодот од 04.05.2016 заклучно со  11.05.2016 (среда) во просториите на Општински центар за услуги во Општина Кавадарци или на телефонскиот број 043/416-145. Лице за контакт во Општина Кавадарци за пријавување на штетите Стефанија Стоева .

 Покрај барањето за настаната штета, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од тренсакциона сметка и доказ за сопственост на имотот (имотен лист)

                                                                 ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

                                                                      ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                            Дипл.прав.Александар Панов  

Последен ден за барања за легализација                   РАБОТНОТО ВРЕМЕ ЗА ПРИЕМ НА БАРАЊА ПРОДОЛЖЕНО ВЕЧЕРВА ДО 24:00

Последен ден за барања за легализација РАБОТНОТО ВРЕМЕ ЗА ПРИЕМ НА БАРАЊА ПРОДОЛЖЕНО ВЕЧЕРВА ДО 24:00

Денеска општина Кавадарци на последниот ден за поднесување на барања за легализација на дивоградби го продолжува работното време на службата во Граѓанско информативниот центар. Барања ќе може да се поднесуваат до 24 часот, кога и официјално истекува рокот за аплицирање, иформираа денеска од Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа.

Во општина Кавадарци беа примени во работа 7249 барања за легализација на бесправно изградени објекти. Во моментов во постапка за легализација се 2700 барања. Прекината е постапката за 2939 предмети. За 1610 предмети се донесени правосилни решенија за легализирање на бесправно изградени објекти.

„Откако беше продолжен рокот за доставување на барања, заклучно со денеска примени се 1280 нови барања.  Поднесени се и 210 нови барања за утврдување на правен статус на линиски инфраструктурни објекти“ информираат од прес службата на општината.

Имателите на бесправни објекти кои до денот на влегување во сила на овој Закон  немаат поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект,а на кои објекти заклучно со 3 март 2011 година се изведени градежни и инсталатарски работи во целост и истите претставуваат градежна и функционална целина,можат да поднесат барање за утврдување на правен статус на бесправен објект, од денот на влегување во сила на овој закон дo 31 март 2016 година.

Барателите кои ќе достабат барање за утврдување на правен статус на бесправен објект до 31 март 2016 година ,треба да достават геодетски елаборат најдоцна до 31 декември 2017 годинаУште два дена е законскиот рок за поднесување на барање за легализација.Не го пропуштајте рокот искористете ја можноста даго легализирате вашиот објект  од 1 ЕВРО по  м2.