Категорија: Огласи и соопштенија

Оштина Кавадарци  и здружението “Чекор кон Европа” Вe покануваат на јавна расправа по предлог програмата за Комунално  уредување

Оштина Кавадарци и здружението “Чекор кон Европа” Вe покануваат на јавна расправа по предлог програмата за Комунално уредување

Оштина Кавадарци  и здружението “Чекор кон Европа” Вe покануваат на јавна расправа по предлог програмата за Комунално  уредување ,  предлог програмата за Локален Економски Развој и Буџетот на општина Кавадарци за 2016 година.

Јавните расправи се организираат како  активност  во рамките на проектот ,, Нашите Пари Наша Одговорност” Финансиран од Амбасадата на САД во Република Македонија.

Средбите ке се одржат во Големата сала на Општина Кавадарци.   Детален распоред на датумот и часот на оддржување на јавните расправи е дадена во прилог.

Го очекуваме Вашето присуство и придонес во изготвувањето на поквалитетни програмски решенија усогласени со реалните барања на граѓаните на општина Кавадарци.

Распоред на орджување средби со граѓаните
Проект за подобрување на општински услуги – МСИП

Проект за подобрување на општински услуги – МСИП

Република Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD), за спроведување на Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за „Енергетска ефикасност во основни и средни училишта во општина Кавадарци. Општина Кавадарци ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат „Енергетска ефикасност во основни и средни училишта во општина Кавадарци.

Јавен повик за прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на општина Кавадарци за 2016 година, наменети за спортисти, спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општината

Се повикуваат спортистите, спортските клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, своите апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2016 година, да ги достават до Општина Кавадарци-Локална самоуправа во предвидениот рок.

Распределбата на средствата од Буџетот на општина Кавадарци за 2016 година, наменети за финансирање на спортисти, спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, ке се врши согласно Правилникот за начинот, постапката и критериумите за финансирање на прграми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес на Општина Кавадарци бр.07-873/29 од 28.02.2014 година (“Сл.Гласник на Општина Кавадарци” бр.13/2014).

Јавен повик
Јавен поовик за прибирање на барања за користење на средствата од Буџетот на  Општина Кавадарци за 2016 година, наменети за финансирање на проекти и програмски активности на здруженија и фондации

Јавен поовик за прибирање на барања за користење на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2016 година, наменети за финансирање на проекти и програмски активности на здруженија и фондации

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2016 година наменети за финансирање на проекти и програмските активности на здруженија и фондации, ќе се врши согласно Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации (“Службен весник на РМ”,  бр. 130/07).

Сите заинтересирани Здруженија и Фондации своите предлози треба да ги достават до Општина Кавадарци, Сектор за локален економски развој.  Средствата се однесуваат за планирани активности и проекти за период до крајот на 2016 година. Средствата ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Кавадарци за 2016.

Јавен повик
Студија за оцена на влијанието врз животната средина на Проектот „Национален гасификационен систем во Република Македонија“ за делницата: Неготино – Битола

Студија за оцена на влијанието врз животната средина на Проектот „Национален гасификационен систем во Република Македонија“ за делницата: Неготино – Битола

Општина Кавадарци во соработка со Министерството за животна средина организира јавна расправа по проектот на Владата за гасификација на Р. Македонија. Јавната расправа ќе се одржи во големата сала на општина Кавадарци на ден 29.10.2015 година (четврток) со почеток во 12 часот. Јавната расправа е од отворен карактер и се покануваат сите заинетересирани граѓани за присуство.

EIA Gasovod delnica 2 Negotino Bitola EVOLVING compressed

СТУДИЈА ЗА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ
ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ПРОЕКТОТ
“Национален гасификационен систем
во Република Македонија“ за делницата:
Неготино- Битолa