Категорија: Проекти

Повик за Идеи – Старт-ап Програма за Туристички Иновации

Повик за Идеи – Старт-ап Програма за Туристички Иновации

Дали сте готови да ги трансформирате индустриите за патување, туризам и угостителство? Тогаш ова е Вашата шанса! Центарот за развој на Вардарски плански регион објавува повик за иновативни тимови, кои имаат старт-ап идеи или прототипи во областа на туризмот.

Рок за аплицирање: До 20 август 2023 година на следниот линк:

Форма за аплицирање за учество во старт-ап програмата Туристички иновации во Вардарскиот регион https://wkf.ms/44OD5Nz

 

Сакате да се приклучите на нашата старт-ап програма? Еве што треба да знаете:

Цел на Програмата:

Центарот за развој на Вардарски плански регион има за цел да го промовира развојот на иновативни решенија во индустријата за патување, туризам и угостителство.

 

Што бараме:

Тимови со иновативни старт-ап идеи или решенија во фаза на прототип кои се фокусирани на туризмот, најмалку двајца, а најмногу пет членови.

 

Што нудиме:

Сите избрани тимови ќе имаат можност да се приклучат на старт-ап програмата “Туристички иновации во Вардарскиот регион”, организирана од Центарот за развој на Вардарски плански регион во рамките на проектот “Креирање иновативен екосистем за поддршка на можностите за вработување на ИТ млади таленти во прекуграничниот регион” (INNO-ECOSYSTEM). Овој проект е кофинансиран од Европската унија и од националните фондови на земјите учеснички.

 

План на Програмата:

11-15 септември 2023 година: Тренинг обука за Design Thinking

21-23 септември 2023 година: 48-часовен Хакатон

Не чекајте, пријавете се сега и бидете дел од иновативната старт-ап сцена во областа на туризмот во Вардарскиот регион!

За повеќе информации и за аплицирање, посетете го нашиот веб-сајт: https://vardarregion.gov.mk/2023/07/20/повик-за-учество-во-старт-ап-програма-т/повик-за-учество-во-старт-ап-програма-т/

Општина Кавадарци доби сертификат за посветеност во реализирањето на техничката поддршка од проектот на УСАИД

Општина Кавадарци доби сертификат за посветеност во реализирањето на техничката поддршка од проектот на УСАИД

На Општина Кавадарци и беше врачен сертификат за посветеност во реализирањето на техничката поддршка од проектот на УСАИД.

Истиот проект се однесува на Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите и постигнатите резултати во унапредување на административните капацитети за зголемување на приходите од сопствени извори на финансирање, пристап до надворешни извори за финансирање, како и зголемување на нивотона извршување на буџетот на општината.

Донација на компјутерска опрема од страна на компанијата “EPT – electronic precision technology” од Германија

Донација на компјутерска опрема од страна на компанијата “EPT – electronic precision technology” од Германија

Деновите во Општина Кавадарци пристигна донација на компјутерска опрема. Донацијата е обезбедена во комуникација со Александар Мурџев со потекло од Кавадарци кој што живее и работи во Германија во компанијата “EPT – electronic precision technology” од областа на хардвер и софтвер. Компјутерите ќе бидат наменети за потребите на локалната самоуправа, јавните претпријатија и установи основани од локалната самоуправа, како  и потребите на основните училишта во Општина Кавадарци. Изразуваме благодарност до компанијата и се надеваме на понатамошна соработка. 

ПАКОМАК пред локални компании го претстави новиот еколошки проект за селекција на отпадни пластични шишиња и лименки

ПАКОМАК пред локални компании го претстави новиот еколошки проект за селекција на отпадни пластични шишиња и лименки

Градоначалникот д-р Митко Јанчев заедно со Друштво за управување со пакување и отпад од пакување ПАКОМАК ДОО, пред локалните компании Кожувчанка ДОО, ТД-ТД ДООЕЛ, Минекс ДОО, Маркет Дијана ДД, ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ, КАМ ДОО, Стокомак ДОО, ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ, Винарска визба Тиквеш и невладините Еко Живот Кавадарци, Еко Индикатор Кавадарци го презентираше новиот еколошки проект за селекција на отпадна пластика и отпаден метал (отпадни лименки) односно поставување на Вендинг машини на територијата на Општина

Кавадарци. Презентирањето на проектот пред горенаведените компании кои пуштаат во промет и тргуваат со амбалажа од отпадна пластика и отпаден метал (отпадни

лименки) е со цел да истите земат учество во истиот како општествено одговорни компании.

Целта на проектот е отпадната палстика и лименки во целос се селектира и собира во овие Вендинг Машини, а за тоа граѓаните на апликација да добиваат зелени поени односно по 1 денар за секое селектирано шише или лименка.

На ова претстои уште еден состанок на кој ќе се дефинираат бројот на Вендинг машините и компаниите кои ќе земат учество во овој современ еколошки проект.

 

Нови четири противпожарни возила за четирите општини од Вардарски плански регион

Нови четири противпожарни возила за четирите општини од Вардарски плански регион

Денеска во Кавадарци градоначалникот Митко Јанчев, заедно со градоначалниците од општините Велес, Неготино и Свети Николе присуствуваа на примопредавање на четири противпожарни возила, за потребите на четирите територијални противпожарни единици од Вардарскиот плански регион од страна на Министерството за локална самоуправа и Центарот за развој на Вардарски плански регион.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 32.000.000 денари од кои 24 милиони се обезбедени преку Министерството за локална самоуправа, а 8 милиони се кофинансирање од четирите општини.

Со реализацијата на овој проект се зајакнуваат капацитети на четирите Територијални противпожарни единици кои што ќе ги покриваат и останатите пет општини од Вардарскиот плански регион кога и да е тоа потребно.