Категорија: Проекти

НОВ НАЧИН ЗА САНИРАЊЕ НА ОШТЕТУВАЊА НА АСФАЛТНИ УЛИЦИ

НОВ НАЧИН ЗА САНИРАЊЕ НА ОШТЕТУВАЊА НА АСФАЛТНИ УЛИЦИ

Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев и претставникот на фирмата STRASSENFEX MICHAEL Doo Скопје Даут Елмази денеска најавија новина во санирањето на оштетените места на асфалтните улици и патишта. Пo данска технологија , германската фирма со седишта во Македонија со посебна база на која главна суровина е пластиката, врши санирање на пукнатини и други помали оштерувања на афалтните патишта.

За брзо време, наместо да се санира подолго и далеку понепрактично откорнувајќи значаен дел од здравиот асфалт, ова технилогија нуди многу попрактино решение за ваквиот вид комунални проблеми. Демонтрацијата на санирање на оштетувања на асфалтот тоа и практично го покажа.
 

 

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЈАВНОТО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЈАВНОТО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Општината Кавадарци деновиве реализира проект за подобрување на постојната мрежа од Јавното улично осветлување во градот.

Ангажираната оператива работи на замена на постојните 30 W ЛЕД ламби со нови високоефикасни 19 W  ЛЕД ламби. Денеска се работеше на улиците „Ило Костов“ и „Максим Горки“. Овие две улици се дел од  предвидените 30 улици каде ќе се изврши замена на вкупно 352 ламби.

Проектот има за цел да го подигне нивото на осветлување на улиците, и да зштеди на потрошувачката.  Со ова се создадат услови за непречено и безбедно движење на граѓаните во ноќните часовои.

Во наредниот период општината спреку истиот проект ќе интервенира и на нови улици.

 

Во Тиквешијата ќе се постават мерни станици за временските услови и поквалитетно земјоделско производство

Во Тиквешијата ќе се постават мерни станици за временските услови и поквалитетно земјоделско производство

Советот на општина Кавадарци на денешната 51 редовна седница едногласно ја усвои одлуката за ко-финансирање на регионален проект за инсталирање на мерни станици за смарт земјоделско производство.

Вкупната проценета вредност на регионалниот проект изнесува 10. 000. 000 денари со вклучен ДДВ. Средствата во износ од 9. 000. 000  денари ќе се обезбедат од Биро за регионален развој, а останатите 1. 000. 000 денари ќе се обезбедат од другите општини Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија.

Ко-финансирањето на општина Кавадарци е во висина од 450.000 денари за поставување на 18 мерни станици, и ќе се обезбедат од Буџетот на општина Кавадарци за 2021 година.

Со поставување на мерните станици ќе се овозможи електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделско обработливите површни на територијата на општина Кавадарци, односно на лозово-овоштарските насади. Мерните станици ќе даваат точни информации за     влажност на воздухот, сончевите денови во годината, количеството на врнежи,  степенот на температурни осцилации, како и ред други податоци кои ќе се акумулираат електронски со посебен софтвер со што значително ќе може да се предвиди третманот на лозаро-овоштарските насади, а тоа ќе допринесе кон намален трошок за третирање на самите лозови насади со пестициди а во исто време зголемен принос со значително зајакнет квалитет на производите.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на денешната 51 седница на советот информира дека со инсталирањето на вакви станици на повеќе локации во општините од регионот, земјоделците ќе добијат можност за квалитетна и економична заштита на земјоделските култури.

„Земјоделците ќе добиваат информации за временските услови и совети кога е вистинско време да вршат заштита на земјоделските култури од болести и штетници. Вакви мерни станици веќе има поставено компанијата „Гоце Делечв“ и во местата каде се поставени има заштеда во пестициди од околу 30-40%. Со овој проект ќе се користат помалку препарати, а ефектот ќе биде многу поголем.“ рече Јанчев.

ЗАВРШНИ РАБОТИ НА ПОСЛЕДНАТА ДЕЛНИЦА ОД КЕЈОТ ШЕТАЛИШТЕ

ЗАВРШНИ РАБОТИ НА ПОСЛЕДНАТА ДЕЛНИЦА ОД КЕЈОТ ШЕТАЛИШТЕ

Деновиве продолжува изградбата на последната делницата од кејот на реката Луда Мара во должина од 680 метри. Ангажираната оператива на фирмата „Цвет компани“ од Скопје  работи на шалување и бетонирање на заштитниот ѕид на делнат страна на пешачката патека. Паралелно се работи и на левиот брег каде се порамнува земјата и се подготвува за поставување на бехатон коцки.

После целосната изградба на патеките на двата брега, во завршната фаза ќе се постави ново улично осветлување и урбана опрема.

Финансиската конструкција за овој проект изнесува 21.500.000 денари. Парите се обезбедени преку Бирото за развој на Вардарскиот плански регион и буџетот на Општина Кавадарци.

Урбанизираниот кеј ќе се протегот од улицата „Страшо Пинџур“ кај мостот на излезот од Ваташа на југ, до мостот „Белка“ кај Булеварот „Видое Смилевски“ на север.

Со реализацијата на петтата фаза од изградбата на кејот-шеталиште, општината Кавадарци  ќе регулира и урбанизира три километри од коритото на реката Луда Мара.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ ВО ПОСЕТА НА СОУ „ЃОПЧЕ ПЕТРОВ“

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ ВО ПОСЕТА НА СОУ „ЃОПЧЕ ПЕТРОВ“

Градоначалникот м-р. Митко Јанчев денесак оствари работна посета на СОУ „Ѓорче Петров“. Во придружба на директорот Горан Велковски Јанчев изврши увид на звршните работи од сеопфатмната реконструкција на ова стручно средно училиште.

Во услови на пандемија општината во соработка со владата, како и амбасадата на Кралството Норвешка реализираше проект за поставување на термо фасада, реконструкција на покривот, потоа на подот на ходниците училниците и на кабинетите. Реконструкцијата опфати поставување на нова ограда околу дворната површина, уредување на просторот.

Целосна реконструкција беше извршена и на осветлувањето во училиштетео со поставување на еколошки штедливи ЛЕД светилки.

На крајот од посетата Јанчев изрази нескриено задоволство од извршената работа, а со домажинот Велковски дадоа изјава за медиумите во која подробно ги презентираа пред јавноста реслизираните зафати, како и плановите за иднина, според кои општината посериозно ќе инвестира во подобрување на условите за работа и престој во средните стручни училишта.