Категорија: Проекти

ПОРТАЛИ ЗА СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ НА ВЛЕЗОВИТЕ ВО КАВАДАРЦИ

ПОРТАЛИ ЗА СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ НА ВЛЕЗОВИТЕ ВО КАВАДАРЦИ

Оперативата на ангажираната фирма „Метал Апостолов“ од Кавадарци, денсека изврши монтажа на вториот од вкупно трите предвидени портали „порта“ на влезовите во градот.

 Се работи за метална конструкција со широчина од 11 метри во основата и 10 метри во горниот дел кој е висок 5 метри. На горниот дел од двете страни се поставени видео панели  долги осум а високи еден метар.

Втората „порта“ е монтирана на  локација под поранешен „Југокомерц“ на влезот од правецот на Прилеп. Претходно општината постави иста ваква конструкција  кај локацијата „Три багрема“ на регионалниот пат Кавадарци-Неготино. Третата порта ќе се монтира на почетокот од идната недела на регионалниот пат Кавадарци-Росоман.

Според проектот на Општина Кавадарци на видео екраните ќе се испишуваат сервисни информации од корист на возачите, а истите ќе бидат управувани и уредувани делечински од контроланата соба на повикувачкиот центар во општинската зграда.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПРОСТОР ПРЕД ЗГРАДА НА УЛИЦАТА „ИГМАН“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПРОСТОР ПРЕД ЗГРАДА НА УЛИЦАТА „ИГМАН“

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „АС Машини“ деновиве го реализира комуналниот проект за поплочување на просторот пред колективна станбена зграда на улицата „Игман“.

Според проектот со поставување на павер елементи се поплочува површина од 200 метри квадратни. Претходно, просторот  се расчисти и подгови за поплочување.

Проектот е на барање на жителите, а се реализира со средства од општинскиот буџет наменети за комунална изградба.

Со поплочувањето станарите на зградта и околните куќи ќе добијат урбанизиран простор.

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „КЛИНСКА“

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „КЛИНСКА“

Денеска оперативата на ангажираната фирма „Жикол“ од Струмица започна со асфалтирање на дел од улицата „Клинска“ близу локалитетот „Калница“.

Градежните рабори се дел од проектот на Општина Кавадарци За подобрување на општинските улсуги, Грант од Светска банка преку Министерството за финансии, За социјална вклученост „МСИП-2-СГ-НЦБ-002-20“.

Проектот се однесува на Реконструкција на водоснабдителен систем, одделување на атмосферска канализација и асфалтирање на улицата „Клинска“ и дел од улицата „Методи Џунов-Џико“.

Работите на овој капитален проект започнаа во декември минатата година, а во наредниот период ќе усладеат дополнителни активности за негово целосно заокружување.

ЗАВРШИ АСФАЛТИРАЊЕТО НА ДЕЛНИЦА ОД РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ВО БОШАВИЈАТА

ЗАВРШИ АСФАЛТИРАЊЕТО НА ДЕЛНИЦА ОД РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ВО БОШАВИЈАТА

Ангажираната оператива на Агенцијата за патишта денеска завршува со реализација на проектот за асфалтирање на делница од регионалниот пат Демир Капија-Мушов гроб.

Се работи за асфалтирање на 850 должни метри со широчина на коловозот од 4 метри, на дел од патот кој ги поврзува селата Долна Бошава со Горна Бошава.

Согласно проектот асфалтна подлога се посатви на излезот од селото Долна Бошава до спојот со бехатон плочите на влезот под село Горна Бошава.

Сега од Кавадарци до Горна Бошава се патува по целосно асфалтиран пат кој овозможува побрза и побезбедна комуникација како за жителите, така и за стопанските субјекти од тој регион.

Со реализацијата на овој проект значајно се подобри сообраќајната инфраструктура на територијата на општина Кавадарци во комуникација со селата од подкожувјето.

Во наредниот период останува да се асфалтираат преостанатите 5 километри од овој регионален пат помеѓу селата Горна Бошава и Конопиште со што општината ќе ја заокружи ревитализацијата локалната и регионалната патна инфраструктура на нејзината територија.

НОВА ПАТЕКА ДО „СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА“

НОВА ПАТЕКА ДО „СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА“

Општината Кавадарци деновиве привршува со реализација на комуналниот проект за изградба на целосно нова пристапна патека до „Спомен костурницата“ во градскиот парк.

Проектот содржи пробивање и формирање на нова патека од павер елементи во вкупна должина од 300 метри која во еден дел се спојува со стара патека од која беа отстранети руинираните гранитни коцки. Новата патека започнува од источниот влез на Винскиот музеј, се движи над објектот по јужната страна, за на крајот да се оддели од старат патека и се упати кон костурницата како нов пристап од север.

Вчера на оваа локација ангажираната специјализирана електро екипа работеше на приклучување на последанта од осумте нови ниски канделабри кои се дел од системот на јавното улично осветлување.

Новите високо ефикасни ЛЕД светилки со јачина од 20W се поставени на метални столбови со висина од 3,5 метри.