Категорија: Проекти

ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО КАВАДАРЦИ ДОБИВА ПОТПОЛНО НОВ ЛИК

ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО КАВАДАРЦИ ДОБИВА ПОТПОЛНО НОВ ЛИК

Општина Кавадарци, Агенцијата за млади и спорт и Фудбалската федерација на Македонија со заедничка инвестиција го реконструираат градскиот стадион.

Деновиве привршуваат градежните работи на реконструкција и доградба на источната трибина, по што работите ќе се насочат кон реализација на новото проектно решение за изградба на јужната трибина која ќе биде целосно покриена со кровна конструкција.

После реконструкцијата на трибините, на стадионот ќе бидат поставени 2000 нови столчиња кои веќе се набавени.

Претходно беше отстранета старата трева од фудбалскиот терен, кој потоа доби нова подлога со систем за наводнување и дренажа. Врз него се поставиа нови бусени трева, кои добро ја прифатиа новата подлога и сега се во одлична состојба.

Во последната фаза од реконструкцијата на градскиот стадион, Општина Кавадарци целосно ќе ги обнови и модернизира соблекувалните и останатите простории во рамки на стадионот.

ОСОВРЕМЕНУВАЊЕ НА СИСТМОТ ЗАЈАВНО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

ОСОВРЕМЕНУВАЊЕ НА СИСТМОТ ЗАЈАВНО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Општина Кавадарци денека преку ангажираната оператива ја постави 70-та мерна точка од Системот за далечинска контрола, мониторинг и регулација на Јавното улично осветлување во градот и селата. Се работеше на трансформаторот во селото Моклиште и на делот од ситемот во викенд населбата. Согласно проектот треба да се постават вкупно 103 мерни точки на територијата на општината.

Системот претставува интелигентен начин на комуникациско поврзување што овозможува постојана централна контрола, мониторинг, регулација на светлосно ново, далечинско мерење на потрошената електрична енергија, пристап до секој ормар и преглед на моменталната состојба во мрежата на уличното осветлување.

Тоа се остварува со софтверско, web решение, каде апликација се одвива комуникацијата помеѓу централната контролна соба и контролните модули кои се инсталирани во ормарите. Комуникацијата се врши безжично или преку Ethernet врска.

Делот од системот кој се однесува на контролата е конфигуриран да врши централно вклучување и исклучување со што се постигнува оптимизирање на работните часови на светилките и поедноставно управување.

Делот од системот кој се однесува на мониторингот овозможува: анализа на потрошувачката на електрична енергија, далечинско отчитување на потрошената активна и реактивна енергија, факторот на моќност, фреквенцијата, моменталната струја и напон. Ваквата конфигурација на системот овозможува: детекција на дефект и прекин на главното напојување, детекција на кражба на електрична енергија, детекција на останати проблеми во мрежата, како и можност за собирање и складирање на податоци.

Одговорното лице има постојан (24/7) пристап до секој ормар и може да врши моментално отчитување на електричните прилики во мрежата.

Со овој проект општината Кавадарци е меѓу првите во Македонија кои ги применуваат современите енергетски и информатичи технологии и еколошките стандарди во управувањето со системот за јавно улично осветлување.

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛ.„ШИШКА“

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛ.„ШИШКА“

Целосно е ревитализиран насјтариот влез во Кавадарци. Во рамките на проектот за реконструкција поставен е порамнителниот слој асфалт на улицата „Шишка“.

Со овој зафат Општина Кавадарци во координација со Агенцијата за државни патишта ги приведува кон крај градежните работи за проширување на источниот влез во градот од страна на Неготино.

Проектот кој го изготви општината опфаќа реконструкција со проширување на улицата во должина од 1 200 метри на потегот од старото уличиште во Глишиќ до спојот со „Северен булевар“. Согласно договорот, земјените рзботи и подземната инфраструктура беа обврска на општината, додека асфалтирањето беше на товар на државата преку Агенцијата за државни патишта

На оваа локација општината преку ЈП „Комуналец“ инвестираше 8 милони денари во нови линии за водовод, како и за фекална и атмосферска канализација. Општината вложи и 31 милион денари за обновување и подобрување на перформансите на подлогата, тампонирање, поставување нови рабници и проширување на коловозот од две на три ленти.

Деновиве треба да уследи поставување на завршниот-фин слој на  асфалт по што ќе се изврши обележување со хоризонтална и вертикална патна сигнализација.

Како дел од обновената делница на улицата граѓаните ќе добијат на користење и 9 000 метри квадратни поплочен тротоар со велосипедска патека, а ќе се постави и целосно новото јавно улично осветлување од десната страна во правец на Глишиќ.

Новото булеварско решение на нај фрекфентната улица во Кавадарци која е дел од регионалниот патен правец Неготино-Кавадарци-Прилеп,ќе значи поголема пропустна моќ, зголемена безбедност и современ урбанизиран сообраќаен влез во градот.

Реконструкција на градскиот парк во Кавадарци

Реконструкција на градскиот парк во Кавадарци

Градскиот парк во Кавадарци е на самиот крај од неговата реконструкција. Градежните работи веќе се завршени, обновени се старите патеки и изградени се дополнителни нови. Ова е градски парк ноќе , паркот е веќе во функција и повеќе не е мрачното место во градот. Ново, современо осветлување кое го прави овој парк безбеден за рекреација и прошетка и во текот на ноќта. Во тек е уште хортикултурното уредување на кое што интензивно се работи.
Кавадарчани знаат да се пофалат со градскиот парк но сега ова не е само градски парк, ова е една содржина која се надеваме дека ќе ги привлече сите посетители на Кавадарци да дојдат, да прошетаат и да уживаат во убавините.
Винскиот музеј како бисер на овој парк е отворен за сите љубители на виното , запознавање со винската култура и историја, тука ќе ве пречекаат љубезните вработени кои ќе ве запознаат со историјата на виното и Тиквешкиот вински регион.
За убаво Кавадарци.

Контролна листа на  План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за реконструкција на ул. „Дисанска“ и „Западен булевар“ во општина Кавадарци

Контролна листа на План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за реконструкција на ул. „Дисанска“ и „Западен булевар“ во општина Кавадарци

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Кавадарци аплицираше со проект за Реконструкција на ул. „Дисанска“ и „Западен булевар“ во општина Кавадарци.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Кавадарци (https://kavadarci.gov.mk/) на 25 Септември 2020.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.