Категорија: Проекти

ПОТПОРНИ ЅИДОВИ НА УЛИЦИТЕ „ЛИЧКА“ И „МЛАДОСТ“

ПОТПОРНИ ЅИДОВИ НА УЛИЦИТЕ „ЛИЧКА“ И „МЛАДОСТ“

Оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци работи на изградба на два нови потпорни ѕидови како дел од програмата за комунална изградба на општината. Според проектот на деновиве се вршат градежни работи на улиците „Личка“ и „Младост“.

Потпорниот ѕид на улицата „Личка“ е во завршна фаза. Таму денеска се изведуваа последните работи со кои ќе се оформи коловозна површина на улицата до ѕидот.

На втората локација на улицата „Младост“ во населбата Глишиќ се вршеше шалување и се оформуваа контурите на идниот бетонски потпорен ѕид. Општината за оваа намена од буџетото инвестира 562.000 денари.

Проектот за потпорни ѕидови е на барање на жителите од овие две улици.

 

Подарок за секој што ќе наполни 18 години – општина Кавадарци со нов проект

Подарок за секој што ќе наполни 18 години – општина Кавадарци со нов проект

Секој млад кавадарчанец, кој од денеска ќе наполни 18 години од општината ќе добие книга насловена „Го сакам Кавадарци“ во која се содржани минатото и иднините планови на општината, како и скромни подароци. Денеска за овој проект информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој нагласи дека целата е младите да се запознаат со својот град, но и да останат во него.

Советникот за односи со јавноста во општина Кавадарци, Димитар Мурџев, кој е и дел од уредничкиот тим на книгата рече дека на овој начин младите ќе добијат многу повеќе факти за својот град.

Во издавањето на книгата „Го сакам Кавадарци“ учествуваа урендичкиот тим составен од Димитар Мурџев, Сузана Андоноски, Сања Крстиќ, Гордана Белевска-Мустафа. Користена е литература од историчарот Петре Камчевски, а фотографии од архивата на покојниот Бранко Ивановски, Петре Камчевски, Тони Коцев, Ристе Самарџиев, Димитар Мурџев, Ѓорѓи Голчев и фотографии сликани со дрон од Александар Ѓорѓиев.

 

 

 

Сервис за достава на намирници за стари лица со нарушена здравствена состојба

Сервис за достава на намирници за стари лица со нарушена здравствена состојба

Општина Кавадарци од денес, 01.09.2020г. започна со услугата ”Сервис за достава на намирници за стари лица со нарушена здравствена состојба”проект кој се реализира во соработка со УНДП, а обезбедува поддршка во рамките на проектот “Креирање можности за работа за сите”.Ќе бидат ангажирани 13 лица кои беа избрани преку Јавен Повик за работната позиција помошник за достава на намирници во времетраење од 7 месеци, со скратено работно време од 20 часови неделно во текот на неделата. Ангажманот на помошниците за достава се состои од: набавка и достава на храна и други неопходни намирници, набавка и достава на лекарства и плаќање на месечни сметки.
Програмата Општинско-корисна работа има за цел да овозможи социјално вклучување на невработени лица преку нивно ангажирање на определено скратено време и постепено вклучување на пазарот на трудот, а исто така преку обезбедување на услуги од социјалната и здравствената сфера да помогне на старите лица со нарушена здравствена состојба.

Проектот за асфалтирање на ул.Лазо Стојанов се приближува кон завршните фаза

Проектот за асфалтирање на ул.Лазо Стојанов се приближува кон завршните фаза

Откако беше отстранет стариот асфалт, денес се поставува дренажа по целата должина на улицата. По завршување на оваа фаза ќе следи и асфалтирање на површина од 840 метри квадратни. Изведувач на проектот е Градба промет а проектот е со финансиска вредност од 1 174 000 денари.

Реконструкција на фонтаната во “ПАРК НА РЕВОЛУЦИЈА“

Реконструкција на фонтаната во “ПАРК НА РЕВОЛУЦИЈА“

 По долг период Општина Кавадарци ја реконструира  фонтаната во “ПАРК НА РЕВОЛУЦИЈА“. Во тек е реконструкција и на фонтаната во Градскиот парк и поставување на нова фонтана на кружен тек на улица Никола Минчев. Работите ги изведува фирмата Метал Апостолов од Кавадарци. За оваа намена од буџетот на општината се издвоени 2.858.038 денари.