Категорија: Проекти

Пробивање и асфалтирање на краци на ул. Црноречка

Пробивање и асфалтирање на краци на ул. Црноречка

Се реализира проект за пробивање и асфалтирање на краци на ул.Црноречка. Изведувач на проектот е Градба промет и е планирано во текот на наредната недела проектот целосно да се реализира. Првиот крак е со должина од 200 метри а вкупно сите краци ќе бидат во должина од 500 метри.

Градежни активности на булевар Кочо Рацин

Градежни активности на булевар Кочо Рацин

Се врши поплочување на 350 метри квадратни на пристапни патеки. Изведувач на проектот е Градба промет. Денес се поставуваат нови рабници и ќе се изврши и поплочување. По завршување на овој проект ќе се постави и целосно ново улично осветлување со поставување на 17 нови канделабри.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД КОЛОВОЗОТ НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД КОЛОВОЗОТ НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

Комуналната изградба во општината  продолжува согласно зацртаните проекти.

Деновиве оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци работи на отстранување на стариот асфалт на улицата „Бел Камен“. Според проектот на општината после отстранувањето на стариот асфалт и дотраените рабници ќе следи тампонирање, поставување нови рабници и во завршната фаза асфалтирање.

Во оваа фаза се работи на делницата од паркингот кај капелата во правец на ВВ „Тиквеш“ каде на површина од 1350 квадратни метри ќе се постави нов слој асфалт со дебелина од 7 сантиметри.

Со реконструкцијата на овој дел од улицата жителите од зградите и од населбата „Бел Камен“ ќе добијат обновена и побезбедна улица за одвивање на сообраќајот.

Претходно на овој локалитет кај зградите општината изврши оформување на паркинг со потпорен ѕид и поплочување, како и хортикултурно уредување на зелената површина. Реконструкцијата е на барање на жителите од оваа населба.

МОНТАЖА НА РЕКВИЗИТИТЕ НА СКЕЈТ ПАРКОТ    СПОРТСКИ ЦАНТАР „ЈАСМИН

МОНТАЖА НА РЕКВИЗИТИТЕ НА СКЕЈТ ПАРКОТ СПОРТСКИ ЦАНТАР „ЈАСМИН

Деновиве преку ангажираната оператива општината Кавадарци го привршува проектот за изградба на „Скејт парк“.

Денеска се монтираа реквизитите. Скејт паркот ќа има 6 елементи и тоа: рампа (Bank Ramp), централен комбиниран елемент (Funbox + Grindbox 2/3 + rail 2/3), потоа Кутија за стругање (Grindbox 1), како и Кутија за стругање (Grindbox 2).

Од реквизитите ќе има и Четвртина цевка (Quarter Pipe), Права шина профил (Straight rail profile).

Платото за рекреација и забава на младите „скејтери“ од Кавадарци зафаќа површина од  770  квадратни метри, а се наоѓа веднаш до јужниот влез во спортскиот центар од стрна на улицата „Вишешница“.

Поставено е и еколошко штедливо ЛЕД осветлување на 4 високи столбови со 2 рефлектори кои се напојуваат преку подземната нисконапонска инсталација од системот за јавно улично осветлување. Општината на скејт паркот постави и урбана опрема: клупи за одмор и корпи за отпадоци.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА РЕКРЕАТИВНАТА ПАТЕКА „МОКЛИШТЕ“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА РЕКРЕАТИВНАТА ПАТЕКА „МОКЛИШТЕ“

Изградбата на велосипедско-пешачката патека Ваташа-„Моклишка воденица“ се одвива според планот. Општината Кавадарци преку ангажираната оператива деновиве работи на неколку позиции.

Денеска се посатвуваа рабници за оформување на контурата на една од вкупно петте попатни станици-одморалишта. Друга екипа посатвуваше павер елементи на самата патека.

Градежни работи се изведуваа и на делот од патеката покрај „Брана Моклиште“ каде се санираше делот на рабниците и се поставуваа нови.

Рекреативната патека лоцирана непосредно до двата брега од реката Луда Мара е со широчина од 4 метри покриена со бехатон коцки. Ќе се постават 4 метални мостови со широчина од 2 метри.

Досега покрај патеката е поставена подземна линија на нисконапонскиот кабел за јавното улично осветлување. Патеката ќе биде осветлена со 200 лед светилки, секоја со јачина од 40 вати, поставени на 100 метални столбови со двокрака лира на висина од 4 метри.

Попатните станици-одморалишта ќе бидат оплеменети со урбана опрема, табли за пинг-понг, фитнес справи и метални конструкции за паркирање на велосипеди. Од безбедносни причини долж трасата ќе се постават и камери за видео надзор.

Инвеститори на овој капитале проект се општина Кавадарци и Бирото за развој на Вардарски плански регион. Вкупната инвестиција изнесува 34 милиони денари.