ПРОШИРУВАЊЕ ЗА ПАРКИНГ КАЈ ГИМНАЗИЈАТА
Ангажираната оператива на фирмата „АС Машини“ од Кавадарци привршува со градежните работи на новиот пракинг простор кај гимназијата.
Овде општината оформи паркинг со површина од 600 метри квадратни. Претходно се изврши расчистување на теренот, пробивање на пристап кон улицата „Пано Мударов“, одводнување на атмосферските води, тампонирање и поставување на павер елементи.
Со овој проект се зголеми просторот за јавно паркирање.