Категорија: Проекти

3Д виртуелна прошетка на целокупниот туристички потенцијал на Општина Кавадарци

3Д виртуелна прошетка на целокупниот туристички потенцијал на Општина Кавадарци

Богатствата на #Кавадарци со поддршка на #ФИТР отсега достапни и преку 3Д прошетка – Тиквешко Езеро, Моклишко, маалото Доне Попов, многубројните пештери, цркви и манастири, споменици и слично од денес достапни виртуелно

Со дигитализацијата правиме промоција и валоризација на културното наследство, со цел да се подигне нивото на туризмот и да се привлечат домашни и странски посетители, да дојдат и да го го видат потенцијалот на Тиквешкиот регионот.

Презентиран пилот проектот „Виртуелен музеј – наменет за Кавадарци” на македонската компанија VR-port.mk, а кој е поддржан од ФИТР. Платформата ќе биде онлајн и континуирано ќе се надополнува, а целосно ќе биде готова за 18 месеци.

 

Реконструкција на ул. Народна Младина

Реконструкција на ул. Народна Младина

Започна со реализација проектот за реконструкција на ул.Народна младина. Во првата фаза ќе се изврши гребење на стариот асфалт и поставување на рабници. Во наредна фаза ќе се изврши и асфалтирање на улицата и поплочување на тротоари. Овој проект опфаќа асфалтирање на ул.Егејска, ул.Бел Камен, ул.Индустриска и ул.Народна младина. Проектот е со вредност од 11 244 194 денари и целосно ќе се реализира до крајот на овој месец.

Реконструкција на соблекувалните на фудбалскиот терен на СРЦ „Јасмин“

Реконструкција на соблекувалните на фудбалскиот терен на СРЦ „Јасмин“

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива, деновиве го заврши проектот за реконструкција на соблекувалните на фудбалскиот терен на СРЦ „Јасмин“.

Според проектот реконструирана е внатрешноста на објектот за што општината одвои 700.000 денари. Реконструкцијата опфати замена на прозорците од западната страна, потоа на внатрешните врати, како и реконструкција на санитарниот јазол и просториите со тушеви за спортистите.

Овој е прв посериозен зафат на објектот кој беше изграден на почетокот од осумдесеттите години од минатиот век како соблекувална за потребите на неколку фудбалски екипи од градот кои се натпреваруваа во пониските лиги.

Минатата година со донација на Ротаракт клубот на млади ротаријанци од Кавадарци беше рекоснтруиран покривот како и прозорците.

Со неговата реконструкција општината дополнително ќе ги подобри инфраструктурните услови за спорт и рекреација на граѓаните.

Комплетна реконструкција на на улиците „Клинска“ и „Методија Џунов-Џико“

Комплетна реконструкција на на улиците „Клинска“ и „Методија Џунов-Џико“

Општина Кавадарци започна со реализација на уште еден комунален проект. Во периодот јули-ноември 2020 година на локации  на улиците „Клинска“ и „Методија Џунов-Џико“ ќе се реконструира подземната комунална инфраструктур. Реконструкцијата опфаќа замена на дотраените водоводни цевки, како и на цевките од мешовитиот систем на атмосферски и фекални линии. Новите линии од атмосферската и фекална канализациа  е предвидено да се изведат од коругирани цевки, додека водоводните линии ќе се изведат од полоетиленски ПЕ црева.

После извршените реконструкции на подземните водови се предвидува комплетно асфалтирање на коловозот на двете улици по кои има извршено прокоп. Претходно ќе се спроведе санација на ударни дупки, со отстранување на разрушен асфалт, а по потреба и замена на тампонски слој.  На крајот ќе се изврши целосно покривање со  нов слој од асфалт.

Инвеститор е Општина Кавадарци со добиени грант средства за успешно реализиран проект, финансирани преку проектната единица и МСИП проектот за подобрување на општинските услуги на Министерство за финансии на Република Северна Македонија, поддржан од Светска Банка. Целта на овој проект е подобрување на квалитетот на животот на месното население. Работите ги изведува фирмата  „Жикол“ од Струмица.

ЗАПОЧНА ПОСЛЕДНАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ СТРАГОВО-КРЊЕВО

ЗАПОЧНА ПОСЛЕДНАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ СТРАГОВО-КРЊЕВО

На делница  од 1.600 метри од локалниот пат Ладно долче-Страгово-Крњево, општината Кавадарци преку ангажираната оператива  ќе  врши проширување на постојниот пат во ширина од  5,5.метри. Ова е последната фаза од реконструкцијата на овој значаен и фрекфентен локален патен правец кој е најкратката врска помеѓу Кавадарци и селата од Бошавијата.

Согласно проектот се врши целосно отстранување на стариот и дотраен асфалт, проширување, порамнување и тампонирање со набивање на трасата. Одводнувањето е решено долж целата траса со трапезни земјани канавки, а на одредени места се предвидени  армирано бетонски цевасти пропусти. Во завршната фаза ќеследи поставувањена целосно нов асфалт.

  Инвеститор е општина Кавадарци со добиени финансиски средства за под-заем, финансирани преку проектната единица и МСИП проектот за подобрување на општинските услуги на Министерство за финансии на Република Mакедонија, поддржан од Светска Банка,  со цел за подобрување на квалитетот на животот на месното население. Работите ги изведува фирмата  „Градба Промет“од Кавадарци.

Со реконструкцијата на оваа делница се заокружува функционалноста на овој локален пат во должина од 8километри, од спојот со регионалниот пат Кавадарци-Мушов гроб на Витачево, до спојот со регионалниот пат Конопиште-Крњево-Барово-Демир Капија.