Категорија: Проекти

10 ОПШТИНСКИ ИНСТИТУЦИИ ВО КАВАДАРЦИ СТРУЈА ДОБИВААТ ОД СОНЦЕТО

10 ОПШТИНСКИ ИНСТИТУЦИИ ВО КАВАДАРЦИ СТРУЈА ДОБИВААТ ОД СОНЦЕТО

Општина Кавадарци целосно ја заврши првата фаза од проектот за инсталација на фото-напонски панели на десет јавни институции.

Градоначалникот Митко Јанчев на денешната прес конференција истакна дека се работи за доста значаен проект, инвестиција ќе биде вратена за една година, а јавните установи ќе добиваат електрична енергија од сонцето и ќе имаат заштеди, бидејќи струја набавуваат на слободен пазар и истата е со доста високи цени.

Панели за производство на струја од обновливи извори на енергија ќе се поставуваат и на други општински институции.

Поставувањето на мерни станици за смарт земјоделство

Поставувањето на мерни станици за смарт земјоделство

На 18 локации во Тиквешкиот регион започна поставувањето на мерни станици за смарт земјоделство. Земјоделските производители ќе добиваат податоци од електронскиот мониторинг за атмосферските влијанија врз земјоделските површини, а со тоа можност за точно утврден период на потребата од заштита. Денеска помеѓу „Еуроникел“ и „Југокомерц“ беше поставена првата ваква станица.

Градоначалникот Митко Јанчев изјави дека вкупната вредност на проектот изнесува 10 милиони денари.

 

Нови фотонапонски панели и на последните општински објекти С.О.З.Ш.У ,,Ѓорче Петров’’ и О.О.У ,,Тошо Велков Пепето’’

Нови фотонапонски панели и на последните општински објекти С.О.З.Ш.У ,,Ѓорче Петров’’ и О.О.У ,,Тошо Велков Пепето’’

Денеска се поставија фотонапонски панели и на последните два од вкупно десет општински објекти односно во С.О.З.Ш.У ,,Ѓорче Петров’’ и О.О.У ,,Тошо Велков Пепето’’ Кавадарци.

Да потсетиме дека Општина Кавадарци е меѓу првите општини која започна со реализација на овој проект ,,Поставување на фотонапонски панели на 10 Јавни општински објекти со вкупна инсталирана моќ од 19,2 киловати на час’’.

Општата цел на овој проект е искористувањето на сончевата енергија и намалување на емисијата на штетни гасови и загадувањето на животната средина.

Во Кавадарци за првпат ќе се реализира ваков иновативен проект со кој ќе се придонесе за заштита на животната средина, подобрување на квалитетот на животот на граѓаните бидејќи овие фотонапонски системи работат на користење на обновливи извори на енергија.

Спортската сала во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ с.Ваташа Кавадарци од денеска и официјално е предадена во функција

Спортската сала во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ с.Ваташа Кавадарци од денеска и официјално е предадена во функција

После многу години село Ваташа доби современа спортска сала . Истата се изгради за помалку од една година и сега учениците ќе имаат можност наставата по физичко образование да ја изведуваат во овој објект. За оваа инвестиција Општина Кавадарци издвои 19 милиони денари од својот буџет. Спортската сала се протега на површина од 400 м2.

Кавадарци доби современ градски пазар

Кавадарци доби современ градски пазар

После шест децении Кавадарци денеска и официјално го доби новиот градски зелен пазар. Изградбата траеше десет месеци и чини 105 милиони денари, пари што општина Кавадарци ги обезбеди преку заем од домашна банка.

Пазарот е еден од најсовремените во земјава. Покриен, опремен со современи тезги и разладни витрини.