Категорија: Проекти

СЕ НАДЗИРААТ КОНТУРИТЕ НА РЕКРЕАТИВНАТА ПАТЕКА „МОКЛИШТЕ“

СЕ НАДЗИРААТ КОНТУРИТЕ НА РЕКРЕАТИВНАТА ПАТЕКА „МОКЛИШТЕ“

Продолжува изградбата на велосипедско-пешачката патека Ваташа-Моклишка воденица. Во оваа фаза од изградбата Општина Кавадарци преку ангажираната оператива поставуваше дел од нисконапонскиот кабел за јавното улично осветлување. Според проектот долж патеката лоцирана непосредно до двата брега од реката Луда Мара. Патеката ќе биде осветлена со 200 лед светилки, секоја со јачина од 40 вати, поставени на 100 метални столбови со двокрака лира на висина од 4 метри..

Рекреативната патека ќе биде со широчина од 4 метри покриена со бехатон коцки. Ќе се изградат и 4 метални мостови, а долж трасата ќе се постават и камери за видео надзор.

Согласно проектот ќе се изградат и 5 попатни станици-одморалишта на локации кои ќе бидат урбанизирани и оплеменети со урбана опрема, како и табли за пинг-понг, фитнес справи и метални конструкции за паркирање на велосипеди.

Инвеститори на овој капитален проект се општина Кавадарци и Бирото за развој на Вардарски плански регион. Вкупната инвестиција изнесува 34 милиони денари.

ПОТЕЧЕ ВОДА ОД СЕЛСКАТА ЧЕШМА ВО МАРЕНА

ПОТЕЧЕ ВОДА ОД СЕЛСКАТА ЧЕШМА ВО МАРЕНА

Општина Кавадарци успешно реализираше уште едно барање на граѓаните. Денеска екипа на ЈП „Комуналец“ од РЕ „Водовод и канализација“ го стави во функција приклучокот на водоводната линија преку кој после многу долго време протече здрава вода за пиење од старата селска чешма во Марена. Општината со овој проект ја „оживеа“ чешма историски паметник за чиа старост нема официјални податоци, но постарите жители од Марена ја знаат како чешма од памтивек. За староста на чешмата сведочат и двете антички мермерни стели од локацијата на античката населба „Градиште“-Глишчки рид, вградени во архитектурата на чешмата.

 Проектот се реализираше на барање на жителите од селото. Во наредниот период општината ќе инвестира и во новото партерно и хортикултурно уредување на чешмата.

НОВА НИСКО НАПОНСКА МРЕЖАТА НА ЈАВНОТО  УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА 17 ЛОКАЦИИ

НОВА НИСКО НАПОНСКА МРЕЖАТА НА ЈАВНОТО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА 17 ЛОКАЦИИ

53 милиони денари општината Кавадарци инвестира во капиталниот проект за подобрување на јавното улично осветлување.

Деновиве преку оперативата на ангажираната фирма се поставува нова нисконапонска линија на улицата „Пионерска“, каде се вриши вкопување на мрежата од јавното улично осветлување.

Ова е само една од проектираните 17 локации во градот каде ќе се интервенира во подобрување на нисконапонската мрежа и сите останати елементи од уличното осветлување.

Според проектот на сите 17 локации општината ќе постави вкупно 420 метални столбови со висина од 4 до 10 метри, како и штедливи ЛЕД светилки со различна јачина, меѓу 60 и 80 вати во зависност од потребите. Во новата мрежа ќе се вградат 12 000 метри нисконапонски кабел кој ќе биде вкопан во земја. Освен ова предвидена е и реконструкција на 800 постојни светилки.

Крајната цел на општината, преку овој капитален проект е да се формира и центар за мониторинг и управување со Јавното улично осветлување.

Воедно на кабелските оператори, И на ЕВН, им овозможува во рововите да постават нивни инсталации, со цел градските улици да бидат ослободени од воздушните водови и старите дрвени бандери.

ИНТЕРВЕНЦИИ НА УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО АТАРОТ НА СЕЛО БРУШАНИ

ИНТЕРВЕНЦИИ НА УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО АТАРОТ НА СЕЛО БРУШАНИ

Нови 30 дрвени бандери, 5.000 метри нисконапонски кабел и 95 комплети арматура-вандерма со вклучена ЛЕД светилка од 30 вати се вградни во мрежата на јавното осветлување во атарот на селото Брушани.

Согласно проектот Општината Кавадарци на локација во „Брушанскиот залив“ спроведе нова линија во туристичката населба „Брушани“, како и подобрување на постојната мрежа од јавното осветлување во селото Брушани.

Со овој проект општината вложи еден милион денари во сериозно подобрување на инфраструктурата на јавното улично осветлување на дел од брегот на вештачкото езеро „Тиквеш“ каде има поголема концентрација на викенд куќи.

ДИСЛОКАЦИЈА НА ВЛЕЗОТ ВО ГРДАСКАТА  БИБЛИОТЕКА „ФЕТКИН“

ДИСЛОКАЦИЈА НА ВЛЕЗОТ ВО ГРДАСКАТА  БИБЛИОТЕКА „ФЕТКИН“

 

 

Општина Кавадарци започна со реализација на проектот за реконструкција и адаптација на влезот во градската библиотека „Феткин“.

Согласно проектот ќе се изврши дислокација на влезот со што постоечкиот од источната страна се затвара, а се отвара нов влез од северната страна. Тоа значи дека главниот влез во библиотеката и останатите институции во зградата ќе биде од поранешната „кино бавча“. Новата влезна врата е димензионирана да одговара на потребите на овој објект.

Паралелно со дислокацијата на главниот влез се врши замена и на старите прозорци кои гравитираат на скалишното јадро, каде се поставени нови ПВЦ прозорци со термапан стакло.

Со овој зафат за отстранување на пристапните скали, општината ќе обезбеди проширување на патеката низ „тунелчето“, а со тоа и до поголема фрекфенција, како и побезбеден влез во градскиот зелен пазар.