ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА „СКЕЈТ ПАРКОТ“ НА СПОРТСКИОТ ЦАНТАР „ЈАСМИН“
Општината Кавадарци преку ангажираната оператива, продолжи со реализација на проектот за изградба на „Скејт парк“. На површина од 770 квадратни метри, досега се изгради бетонско плато со финална обработка до мазен сјај.
Деновиве се постави металната заштитна ограда, а паралелно се работи и на поплочувањето на патеката околу него. Следно ќе биде поставена урбаната опрема, како и канделабрите со рефлектори, кои ќе овозможат користење на скејт паркот и во вечерните часови.
Најдоцна за две недели треба да започне и поставувањето на елементите и тоа: рампа (Bank Ramp), централен комбиниран елемент (Funbox + Grindbox 2/3 + rail 2/3), потоа Кутија за стругање (Grindbox 1), како и Кутија за стругање (Grindbox 2).
Од реквизитите кавадаречкиот скејт парк ќе има и Четвртина цевка (Quarter Pipe), како и Права шина профил (Straight rail profile).