Категорија: Проекти

УШТЕ ДВЕ ЗГРАДИ НА „ИЛИНДЕНСКА“ СО ОБНОВЕНА ФАСАДА

УШТЕ ДВЕ ЗГРАДИ НА „ИЛИНДЕНСКА“ СО ОБНОВЕНА ФАСАДА

Денеска започнаа градежните работи за обнова на фасадите на две згради во центарот на Кавадарци. Согласно проектот се врши интервенција за санирање на сачокот, замена на олуците, како и крпење и фарбање на фасадите на зградата на „Тиквешко поле“ и на зградата позната како „полициска“ и ХЕЦ“, која е во продолжение на зградата на „ЗОИЛ“. И двете згради се наоѓаат на улицата „Илинденска“ во трговско пешачката зона.

Општината овој проект започна да го реализира минатото лето со зафат на дел од зградата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе”. Досега целосно се обновени 10 фасади, а во моментот се работи на единаесеттата и дванаесеттата фасада. До крајот на проектот ќе остане да се обнови задната-јужна фасада на зградата на Општина Кавадарци.

За оваа намена општината инвестира 5.361.793 денари, а парите се обезбедени од буџетот. Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“.

При извршувањето на активностите, се спроведени неопходните мерки на претпазливост за заштита, а општината апелира до граѓаните за врема на изведувањето на градежните работи да се однесуваат внимателно.

ПОСТАВУВАЊЕ НА СИСТЕМ ЗА ПОЛЕВАЊЕ ВО „ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“

ПОСТАВУВАЊЕ НА СИСТЕМ ЗА ПОЛЕВАЊЕ ВО „ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“

Општината Кавадарци преку оперативата на ЈП „Комуналец“ денесака започна со поставување на подземен систем за полевање на горното ниво во „Паркот на Револуцијата“.

Се постави линија од ПВЦ црево со стандарден профил од 3/4 Цол, во должина од 200 метри, на која ќе бидат поставени и  14 распрскувачи за полевање на тревата и растенијата во тој дел на паркот.

Во наредниот период ќе се изврши подготовка на целокупната површина за сеење трева како и за обновување на вегетацијата, со кастрење на постојната, како и садење на нови дрва и нискостеблести растенија.

 

НОВА НИСКОНАПОНСКА ЛИНИЈА ОД УЛИЧНОТО ВО „ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“

НОВА НИСКОНАПОНСКА ЛИНИЈА ОД УЛИЧНОТО ВО „ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“

Општина Кавадарци преку надлежната служба за одржување на Јавното улично осветлување, денеска започна со поставување на нова нисконапонска линија од системот на уличното осветлување, во горното ниво на „Паркот на Револуцијата“.
Во оваа фаза под земја се постави кабел во должина од 200 метри, како дел од проектот за подобрување на јавното осветлување во паркот. Оваа нова мрежа ќе овозможина поставување нови канделабри кои како надополнување на напостојните значително ќе го подобрат јавното осветлување во паркот кој е омилено место за одмор на кавадарчани.

НАСПРТИ ПОШТАТА СЕ ГРАДИ НОВ ПОДЗЕМЕН КОНТЕЈНЕР ЗА СМЕТ

НАСПРТИ ПОШТАТА СЕ ГРАДИ НОВ ПОДЗЕМЕН КОНТЕЈНЕР ЗА СМЕТ

Општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“ деновиве започнаа со изградба на нов подземен контејнер на локациа во строгиот центар на улиците „Илинденска“ кај  сендвичарата „Мерлин“. Таму екипа на ангажираната фирма изведувач  „Метал Апостолов“ од Кавадарци работи на копање на земја.

Истата компанија паралелно изведува и градежни работи на контејнерот кај „Тиквешко поле“, каде е бетонирана контрејнерската јама.

Општината вакви подземни контејнери ќе постави и на локациите спроти „Стопанска банка“ на улицата „Мито Хаџи-Василе“, потоа кај „Сенатор“ и под „Тутунска банка“ сите на улицата „Илинденска“.

Платформите ќе бидат со различна големина, а на нив ќе се постават, дват, три или четири контејнери. Овој систем на прибирање на смет нуди повеќе предности.

ЗАПОЧНА САНАЦИЈАТА НА ФАСАДАТА НА ДЕСЕТАТА ЗГРАДА

ЗАПОЧНА САНАЦИЈАТА НА ФАСАДАТА НА ДЕСЕТАТА ЗГРАДА

Општина Кавадарци продолжува со реализација на проектот за санирање на фасадите на колективните станбени згради во централното градско подрачје, кои се утврдени како објекти од значење за Општина Кавадарци.

Денеска започнаа градежните работи на втората од комплексот згради на ул.„Браќа Хаџи-Тефови“ од источната страна на зградата на општината. Ова е дестата зграда од предвидените 13 на која се врши санација на фасадата. Согласно проектот се врши интервенција за санирање на сачокот, замена на олуците, како и крпење и фарбање на фасадите.

Акцијата започна со зафат на дел од зградата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе” минатото лето.

За оваа намена општината инвестира 5.361.793 денари, а парите се обезбедени од буџетот. Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“.

При извршувањето на активностите, се спроведени неопходните мерки на претпазливост за заштита на граѓаните.