НОВА ВОДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА ЛИНИЈА НА КРАК ОД ул.„ФЕВРУАРСКИ ПОХОД“
Во рамките на програмата за интервентни зафати во градската водоводна и канализациона мрежа, Општината Кавадарци на барање на граѓаните деновиве реализира проект за замена на старата линија од азбестно цементни цевки, со нова линија од пластични цевки.
Се менува комплетната линија во должина од 50 метри. Со реализацијата на овој зафат жителите на овој дел од Кавадарци ќе добиат поквалитетно и непречено водоснабдување како и сигурен и безбеден зафат на отпадните и фекалните води.
Општината согласно програмата за комунална изградба на оваа улица ќе реализира и проект за целосно асфалтирање.