Категорија: Проекти

Потпишан договорот за изградба на скејт парк

Потпишан договорот за изградба на скејт парк

Општина Кавадарци во соработка со Вардарски плански регион ќе го реализира проектот “Изградба на скејт парк со 7 елементи и уредување на пешачки и велосипедски патеки во Вардарскиот плански регион“.
Проектот е кофинансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација. Општина Кавадарци учествува со околу 50% од вкупните средства. Голема благодарност до професионалниот скејтер Петар Вагенер од Германија кој веќе подолго време волонтира во Општина Кавадарци и беше најголем иницијатор за изградбата на скејт парк.

Loading
АСФАЛТИРАНА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА „ЦРНОРЕЧКА“

АСФАЛТИРАНА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА „ЦРНОРЕЧКА“

Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ денесак асфалтираше делница од улицата „Црноречка“. Според проектот на општината Кавадарци беа асфалтирани нови дополнителни 140 метри од оваа улица која минува до „Кавадаречки дол“.

И овој комунален проект општината го реализира во рамките на Програмата за комунална изградба, а на барање на граѓаните од тој дел на Кавадарци.

Loading
ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПРИСТАПЕН ПАТ ДО ЦРКВАТА ВО СЕЛО ВОЗАРЦИ

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПРИСТАПЕН ПАТ ДО ЦРКВАТА ВО СЕЛО ВОЗАРЦИ

Оперативата на ангажираната фирма „Патио монт“ од Кавадарци деновиве работи на поплочување на пристапен пат до црквата во селото Возарци.

Според проектот на општина Кавадарци во оваа фаза се поплочува површина од 400 метри квадратни, на потегот од спојот со локалниот пат кон браната на „ХЕЦ „Тиквеш“ во правец на црквата.

Општината и овој проект го реализира на барање од граѓаните од селото Возарци.

Loading
ВО ВАТАША ПОПЛОЧЕНА УЛИЦАТА „ПЕРО ВИДЕВ“

ВО ВАТАША ПОПЛОЧЕНА УЛИЦАТА „ПЕРО ВИДЕВ“

Општината Кавадарци денеска реализираше уште еден комунален проект. Жителите на Ваташа добиа на користење уште една ревитализирана улица

Оперативата на фирмата „АС-Машини“ од Кавадарци заврши со поплочување на улицата „Перо Видев“ на потегот од „Грковата чешма“ до спојот со улицата „Данко Дафков“. На оваа улица се спроведе поплочување со бехатон коцки на вкупна површина од 1.000 метри квадратни.

Претходно општината преку ЈП „Комуналец“ на истата траса изврши реконструкција на водоводната линија во должина од 200 метри

И овој проект, општината го реализираше на барање на граѓаните, при што обезбеди подобар пристап и комуникација на жителите од тој дел на Ваташа.

Loading

 

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОТОАРОТ  НА БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОТОАРОТ НА БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“

Во рамките на програмата за комунална изградба Општина Кавадарци релизира проект за поплочување на дел од тротаорот на булеварот „Никола Минчев“.

Оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци е во фаза на поставување тампон на тротоарот од страната на новиот зелен пазар. На оваа позиција ќе се постават бехатон коцки на површина од 450 метри квадратни. Претходно на таа делница на местото на старите и дотраени  се поставиа нови рабници.

Со овој проект општината ќе урбанизира уште една целина од тротоарот на булеварот во правец кон спојот со „Северен булевар“.

Loading