Категорија: Проекти

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани

Одобрување на ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фотоволтаични плантажи), на КП бр.1795, КП бр.1796 КО Ресава, Општина Кавадарци

 

 

Реконструкција на фасади на станбени згради

Реконструкција на фасади на станбени згради

Во завршна фаза е реконструкцијата на фасади на станбените згради, односно фарбање на истите и санација на оштетените делови и тоа на ул. Страшо Пинџур бр 63 во Урбаната заедница Слога, а ќе се започне и реконструкција на зградите на ул. Беласица 1,3,5 и 7.

Изведувач е фирмата Градба Промет, а вкупната инвестиција за сите чини 4.126.460 денари.

Завршено е бетонирање на површина од 100 м2 на крак на ул. Ѓорѓи Соколов.

Завршено е бетонирање на површина од 100 м2 на крак на ул. Ѓорѓи Соколов.

Завршено е бетонирање на површина од 100 м2 на крак на ул. Ѓорѓи Соколов.Изведувач е фирмата Павер Трејд, согласно договорот за поплочување во Урбаната заедница Кула.

 
Детска градинка Сонце

Детска градинка Сонце

Детската градинка на ул. Ресавска која во иднина ќе го носи името ,,Сонце’’, е во завршна фаза. Деновиве се врши поставување на мебел и опрема, со што комплетно ќе заврши внатрешното уредување и опремување, како и партерно уредување на дворот со поставување на урбана опрема.

Инвеститор на проектот е Министерството за труд и социјална политика.

Детско игралиште населба Глишиќ

Детско игралиште населба Глишиќ

Завршено е и детското игралиште во населба Глишиќ. Овде беа поставени гумена подлога, нови дрвени детски играчки, и се репарираа веќе постоечките. Со овој проект беше опфатено и кошаркарското игралиште на кое се монтираа нови дрвени табли со обрач и мрежа. Двете игралишта се оградени со метална ограда и фарбани, со исполна од биговано и минимизирано плетиво.
Изведувач е фирмата Метал Апостолов, а проектот чини 1.012.942 денари.