Категорија: Проекти

КОМУНАЛНО УРЕДЕН ПАРКОТ „ПОЛАНА“

КОМУНАЛНО УРЕДЕН ПАРКОТ „ПОЛАНА“

Општината Кавадарци успешно реализираше уште еден значаен комунален прокет. На користење на граѓаните на Кавадарци е предаден обновениот парк „Полана“.

На оваа локација општината најпрвин оформи нови парконг места со косо паркирање, потоа спроведе подобрување на јавното осветлување со ниски канделабри и ЛЕД светилки, а целосно ги обнови зелените тревни површини. Посадени се и ниско стеблести украсни растенија, а екипа на ЈП „Комуналец“ спроведе и целосно нова линија за полевање на сите зелени површини во паркот.

Претходно беа обновени реквизитите на детскиот забавен парк,  а се поставиа и фитнес справи како донација од компанијата „Кока Кола“.

Општината со овој проект беше принудена да зафати одреден мал процент од јавната површина на паркот, но за возврат со урбанизацијата граѓаните добиа уште еден уреден комунален објект за одмор и рекреација.

Loading
ЗАПОЧНА ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „СТРАШО ПИНЏУР“ СПОРЕДНА

ЗАПОЧНА ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „СТРАШО ПИНЏУР“ СПОРЕДНА

Општината Кавадарци во рамките на комуналната изградба работи на проект за проширување на крак од ул.„Страшо Пинџур“, кај „Кавадаречки дол“.

Според проектот ќе се проширува коловозната лента од сегашните 2,8 метри на 5 метри коловоз со тротоар. Проширувањето е во должина од 100 метри, а е на делницата од главната траса на „Страшо Пинџур“ во правец на спој со улицата „Ѓоре Брушански“.

Општината овој проект го реализира на барање на жителите од овој дел на Кавадарци.

СЕ ГРАДАТ ПРИСТАПНИ СКАЛИ НА КРА ОД УЛИЦАТА „25-ТИ МАЈ“

СЕ ГРАДАТ ПРИСТАПНИ СКАЛИ НА КРА ОД УЛИЦАТА „25-ТИ МАЈ“

Оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци започна со шалување на пристапни скали на крак од улицата „25ТИ Мај“.

Според проектот се работи за пристапни скали кај големиот потпорен ѕид кои ќе ги спојуват асфалтираното и бетонираното ниво на оваа улица. Изградбата на пристапните скали е втора фаза од изградбата на оваа улица.

Со овој проект, кој општината го реализира на барање на граѓаните, ќе се обезбеди пристап како со возила така и за пешаци на жителите од тој дел на градот.

Општината со овој зафат им решава децениски проблем.

ПОСТАВЕНА УРБАНА ОПРЕМА НА КЕЈОТ ШЕТАЛИШТЕ ВО ВАТАША

ПОСТАВЕНА УРБАНА ОПРЕМА НА КЕЈОТ ШЕТАЛИШТЕ ВО ВАТАША

Оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци деновиве постави типизирана нова урбана опрема на кејот-шеталиште во Ваташа.
Според проектот беа поставени 70 клупи на бетонски држачи со дрвени седишта, како и 60 корпи за отпадоци. Долж новиот кеј се поставени и 4 типизирани метални мостово.
Со овој проект, кој општината го реализира на барање на граѓаните, се обезбеди урбанизиран простор за ваташани, како и регулирано речно корито за прифаќање и на екстремните води во реката Луда Мара.

ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПАРКИНГОТ ПОД  ХОТЕЛОТ „БАЛКАН“

ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПАРКИНГОТ ПОД ХОТЕЛОТ „БАЛКАН“

Општина Кавадарци успешно реализираше уште сообраќаен комунален проект. Ангажираната фирма „Изолација“ заврши со реконструкцијата и проширувањете на паркингот под Хотел „Балкан“.

Градежната механизација денеска го поставуваше завршниот слој асфалт на платото под хотелот и на улицата „Тошо Велков-Пепето“ до спојот со улицата „7 Септември“. 

На овој простор со вкупна површина од 1850 м2 Општината изгради нов паркинг, и асфалтираше два крака од улицата „Тошо Велков-Пепето“. Беа обнови и пристапните скали помеѓу хотелот и дуќаните кои водат од плоштадот до паркингот, а се поставиа и 6 нови канделабри со еколошки штедливи ЛЕД светилки како дел од Јавното улично осветлување.

Со реализацијата на овој проект Општината Кавадарци во многу го зголеми капацитетот на јавниот паркинг простор, а  урбанизираше и запуштен простор во  центарот на градот.