Категорија: Проекти

ПОПЛОЧЕНА УЛИЦАТА „КИРО КАРАКУЛЕВ“

ПОПЛОЧЕНА УЛИЦАТА „КИРО КАРАКУЛЕВ“

Општината Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Павер Трејд“ успешно реализираше уште еден проект од комуналната изградба. Завршена е изградбата на улицата „Ќиро Каракулев“ на потегот од спојот со регионалната улица „Страшо Пинџур“ кај вториот триаголник, па до последниот станбен објект.

Актуелното раководство на Општина Кавадарци конечно го реши децениискиот проблем на жителите од тој дел на Кавадарци. Проектот кој е реализиран на барање на граѓаните опфати изградба на урбанизирана улица која на граѓаните ќе им овозможи непречен пристап и движење до нивните домови.

Loading
ИЗГРАДЕН ПОТПОРЕН ЅИД  И ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТ „ВЛАДИМИР НАЗОР“

ИЗГРАДЕН ПОТПОРЕН ЅИД И ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТ „ВЛАДИМИР НАЗОР“

Оперативата на ангажираната фирма „Коп инжинеринг“ деновиве работи на  поплочување на дел од улицата „Владимир Назор“. Општина Кавадарци го реализира овој проект на барање на жителите.

Проектот на општината опфаќа изградба на потпорен ѕид, поставување рабници за формирање на пристапен дел од улицата, како и изградба на решетка за зафаќање на на атмосферските води.

Со реализацијата на овој комунален проект жителите на овој дел од населбата „Голи оток“ добиа стабилизирано земјиште, нов урбанизиран пристап, а пред се заштита од евентуални поплави, кои во минатото им нанесувале сериозни оштетувања и проблеми.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦА ВО СЕЛО БРУШАНИ

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦА ВО СЕЛО БРУШАНИ

Општина Кавадарци преку ангажираната фирма „Патио монт“ од Кавадарци реализира проект од комуналната инфраструктура во селото Брушани.

Се работи на улица во должина од 160 метри веднаш до новата селска црква. Проектот опфаќа: трасирање и порамнување на улицата, тампонирање, поставување на рабници и поплочување со павер елементи. Бехатон плочките ќе се редат на површина од 400 метри квадратни.

Со овој проект општината го подобрува стандардот на живеење во ова село кое прераснува во туристичка населба на брегот на езерото „Тиквеш“.

Loading
ВОЗАРЦИ НАСКОРО ЌЕ ДОБИЕ ДЕТСКА ГРАДИНКА

ВОЗАРЦИ НАСКОРО ЌЕ ДОБИЕ ДЕТСКА ГРАДИНКА

На барање на жителите од Возарци општината реализира проект за изградба на детска градинка. Градбата е во поодмината фаза во која се работи на ноавта термо фасада, поставена е нова ПВЦ столарија, обновена електро инсталација, како и звучна и термо изолација на таванот.
Станува збор за преадаптација на поранешната амбуланта, која сега со реконструкцијата ќе функционира двонаменски. Во делот за градинка ќе има капацитет за прифаќање на 25 до 30 деца. На површина од осумдесеттина квадратни метри ќе има: занимална, просторија за персоналот, чајна кујна и санитарен јазол. додека Преостанатиот простор од објектот ќе ја има функцијата на амбуланта.
Со овој проект општината обезбедува подобри услови за граѓаните во делот на предшкослата возраст како и во примарното здравство. А проектот во оваа урбана средина ќе го подигна уште повеќе и онака добриот стандард за живеење.

ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ КЕЈ-ШЕТАЛИШТЕ ВО ВАТАША

ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ КЕЈ-ШЕТАЛИШТЕ ВО ВАТАША

 Новиот кеј-шеталиште во селото Ваташа го добива својот проектиран изглед. Оперативата на ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци, деновиве работи на обновување на оштетените делови од „шкарпата“ на големото корито на локацијата меѓу амбулантата во селото и фудбалското игралиште на ФК „Габер“.

Овој капитаелн проект на Општина Кавадарци досега е реализиран во голем процент. На проектот „Кеј шеталиште“ во Ваташа досега е бетонирано минорното корито, со потребните каскади и се оформени контурите. Поставена е нисконапонска линија со канделабри од јавното улично осветлување, како и пешачките мостови.

Со реализацијата на овој проект општината ќе урбанизира и ќе уреди уште еден дел од коритото на реката „Луда Мара“ на потегот од  паркингот кај зградите „Силекс“ до последниот мост на регионалниот пат во вкупна должина од 770 должни метри.

За реализација на овој проект општината ќе инвестира 20 милони денари.

Loading