Категорија: Проекти

Нова водоводна и канализациона линија

Нова водоводна и канализациона линија

Општината Кавардарци продолжува со реализација на проектот на ново пробиениот на крак на улицата „Дисанска“ во населбатра „Парк“.

Станува збор за сосема нова делница со површина од 250 квадратни метри, како продолжение на постојна споредна улица. Во вторат фаз Општината како дело од програмата за одржување и реконструкција на подземната инфраструктура на овој крак од улицата изврши реконструкција постојната канализациона и водоводна мрежа, како и пробивање и поставување на нова водоводна и канализациона линија.        

На новата во завршната фаза на проектот на улицата, ќе се постават рабници и завршно бехатон плочки.

НОВ ПОКРИВ НА ОБЈЕКТОТ НА ОСНОВНОТО УЧУЛИШТЕ ВО СЕЛО СОПОТ

НОВ ПОКРИВ НА ОБЈЕКТОТ НА ОСНОВНОТО УЧУЛИШТЕ ВО СЕЛО СОПОТ

Објектот на Подрачното основно училиште „Димката Ангелов-Габерот“ во селото Сопот доби нов покрив. Согласно програмата за комунална изградба Општина Кавадарци инвестираше 1.135.000 денари за обнова на кровната конструкција. Покрај замената на старат ќерамида, обнова на сачокои и олуците, се постави камена волна на таванот за топлотна и звучна изолација. Изведувач на работите беше фирмата „Евроградба инженеринг“ ДООЕЛ с.Владиевци Василево.

Со реализацијата на овој проект општината во многу ги подобри условите за работа, учење и престој на учениците во ова училиште.

Loading
НОВ АСФАЛТ НА ПАРИНКГОТ НА УЛИЦАТА „ТИКВЕШКО ВОСТАНИЕ“

НОВ АСФАЛТ НА ПАРИНКГОТ НА УЛИЦАТА „ТИКВЕШКО ВОСТАНИЕ“

Кавадарци доби уште еден ревитализиран простор за паркирање. Денеска оперативата на фирмата „Коле Транс“ од Штип изврши асфалтирање со нов асфалт на паркингот на улицата „Тиквешко востание“ кај поранешната стоковна куќа.

На површина од 800 квадратни метри се постави нов асфалт на платото над подземната гаража. Реализацијата на овој проект е донација фирмата „Коле транс“.

Со овој зафат Општина Кавадарци обезбедува подобри услови за паркирање во строгиот центар, веднаш до зградата на општината.

Loading

 

НОВИ ПОТПОРНИ ЅИДОВИ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕТО НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ

НОВИ ПОТПОРНИ ЅИДОВИ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕТО НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ

Оперативата на ангажиртаната фирма „Стоун форм“ од Гевгелија ги изведува градежните работи за изградба на нови потпорни ѕидови на неколку улици во Кавадарци.

На барање на жителите од улиците „Његош“, „Коле неделковски“ и ул. „Смаилица“, Општината во рамките на програмата за комунална изградба релизира три потпорни ѕидови.

Со реализацијата на овој проект на наведените улици се изврши: оформување и пробивање на улиците.

Овој проект има за цел  статичка стабилизација на земјиштето, како и подобрена безбедност на домовите на околните индивидуални станбени објекти. 

Loading
НОВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА  ВО СЕЛО ДРЕНОВО

НОВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО СЕЛО ДРЕНОВО

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Коп Инжинеринг“ од Батинци го реализира комуналниот проект за изградба на атмосферска канализација во селото Дреново.

Со пари од општинскиот буџет, сметка за комунална изградбе се реализира проектот за поставување нова линија во должина од 130 метри, на потегот од центарот на селото, до кружниот тек на влезот во Дреново.

На оваа локација се поставуваат нови цевки со профил фи 400, вкопани во земја, како и две пешетки за зафаќање на атмосфреските води.

Општината на оваа локација ќе изврши проширување на улицата, како и оставување на нов асфалт.

Loading