Категорија: Проекти

НОВИ КРУЖНИ ТЕКОВИ ЗА ПОГЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НИЗ ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ

НОВИ КРУЖНИ ТЕКОВИ ЗА ПОГЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НИЗ ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ

Поголема безбедност, како и непречено движење по градските улици се приоритетите на општината и градоначалникот во решавањеето на проблемите во сообраќајот.

Тековната реализација на проектот за реновирање на главните сообраѓајници во Кавадарци, Општината го користи и за да реши неколку тесни и опасни точки.

Со актуелното санирање на улицата „7 Септември“ на потегот од мостот кај Јаворот, па до салата „Партизан“, општината реализира изградба на два кружни тека.

Новото сообраќајно решение на овие локации, ќе овозможи побрз, побезбеден и поефикасен проток на возилата, како и многу побезбедно движење на пешаците и останатите учесници во сообраќајот.

Општината планира и неколку други слични кружни текови на тесните грла на другите раскрсници низ градските улици.  

Loading

 

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ТРОТОАРОТ НА УЛИЦАТА „СТРАШО ПИНЏУР“

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ТРОТОАРОТ НА УЛИЦАТА „СТРАШО ПИНЏУР“

Општината Кавадарци започна реализација на нов комунален проект. Ангажираната оператива работи на расчистување на стариот и дотраен тротоар на десната страна од улицата „Страшо Пинџур“ во правец на Ваташа.

Во наредната фаза на оој потег ќе се постават нови рабници, нов тампон и павер елементи.

Со овој проект општината ќе создаде поголема безбедност за движење на пешаците како урбанизирање на просторот.

Loading
КЕЈОТ НА РЕКАТА ЛУДА МАРА НИЗ ВАТАША ГО ДОБИВА ПРОЕКТИРАНИОТ ЛИК

КЕЈОТ НА РЕКАТА ЛУДА МАРА НИЗ ВАТАША ГО ДОБИВА ПРОЕКТИРАНИОТ ЛИК

Градежната оператива на фирмата „Градба промет“ во село Ваташа работи на кејот шеталиште по коритото на реката „Луда Мара“. Според динамиката деновиве се извршуваат работи на бетонирањето на пешачките патеки над минорното корито, се поставуваат канделабри од јавното улично осветлување, како и се доуредуваат страните од големото корито на потегот пред фудбалското игралиште.

На проектот „Кеј шеталиште“ во Ваташа досега е бетонирано минорното корито, со потребните каскади и се оформени контурите. Според проектот новиот кеј на потегот од  паркингот кај зградите „Силекс“ до последниот мост на регионалниот пат е во должина од 770 должни метри.

За реализација на овој проект општината ќе инвестира 20 милони денари.

Loading
ПРОДОЛЖУВААТ РАБОТИТЕ НА НОВИОТ МОСТ ВО ВАТАША

ПРОДОЛЖУВААТ РАБОТИТЕ НА НОВИОТ МОСТ ВО ВАТАША

Во селото Ваташа интензивно се работи на изградба на новиот мост и проширување на патот пред и после мостот на регионалниот пат кон Витачево и идниот граничен премин „Пулево“.

Постоечкиот мост во Ваташа е доста оштетен и опасен за понатамошна употреба, а и патот до мостот и после него е со незгодна кривина каде се случени повеќе сообраќајни незгоди.

Овде се санира и речното корито во должина од околу 180 метри, како и пристапниот и излезниот пат на самиот мост кој ќе биде и променет. Ќе има модерен пат и мост и поголема безбедност.

Се работи за мошне значаен проект со кој ќе се подобри безбедноста во сообраќајот на овој дел од општина Кавадарци. Проект е од огромно значење за жителите на Ваташа и се реализира на нивно барање.

Инвестицијата е во вредност од околу 480 илјади евра, а средствата се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.

Loading