Категорија: Проекти

ОБИКОЛНИЦАТА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“ ВО ЗАВРШНА ФАЗА

ОБИКОЛНИЦАТА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“ ВО ЗАВРШНА ФАЗА

Денеска започна завршната фаза на проектот на Општина Кавадарци за ревитализација на обиколницата „Северен булевар“.

Ангажираната оператива го поставува финиот завршен слој на асфалт на потегот од спојот со улицата „Шишка“ кај Општа болница се до спојот со Булеварот „Никола Минчев“ под Хотел „ФЕ-НИ“.

Предвидено е за време на викендот да се заврши асфалтирањето, како и поставувањето на хоризонталната и вертикалната сообраќајна патна сигнализација, по што од понеделник 1 јули, реконструираната обиколница ќе биде ставена во функција.

Ревитализацијата на регионалната улица „Северен булевар“ е капитален објект на Општина Кавадарци со кој се подобри и источниот влез на градот од Неготино кон Прилеп.

Проектот е дел од капиталниот зафат на општината за реконструкција на главните улици во градот. Носител на договорната обврска е градежната фирма „Бетон“ од Скопје.

Финсниските средства се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти,  МСИП.

НОВА ФАСАДА НА ЗГРАДАТА  „СТАРА АВТОБУСКА“

НОВА ФАСАДА НА ЗГРАДАТА „СТАРА АВТОБУСКА“

Деновиве започна ревитализацијата на фасадата на зградата позната како „Стара звтобуска“. Ова е петтата од вкупно 13 згради на кои се врши интервенција за санирање на сачокот, замена на олуците, како и крпење и фарбање на фасадите.

За оваа намена општината ќе инвестира 5.361.793 денари, а парите се обезбедени од буџетото на опшштината.

Општина Кавадарци го продолжува проектот за санирање на фасадите на колективните станбени згради во централното градско подрачје, кои се утврдени како објекти од значење за Кавадарци.

Според проектот наредна зграда за санација е зградата позната како „Монополска“ на ул. „Илинденска“ каде се наоѓа Тутунска банка.

Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“.

Loading
НОВИ ПАРИНГ МЕСТА ПОКРАЈ ПАРКОТ „ПОЛАНА“

НОВИ ПАРИНГ МЕСТА ПОКРАЈ ПАРКОТ „ПОЛАНА“

Новиот паркинг простор на локацијата Парк „Полана“ ги добива своите контури. Деновиве општината преку ангажираната фирма поставува рабници, а паралелно се работи на поставувањето на бехатон коцки.

Овој простор ќе биде на ниво на улиците, со намена за паркирање на лесни возила на улиците: „11-ти Октомври“, „Лазо Мицев“ и „Партизанска“, а возилата ќе се паркираат косо.

Општината со овој проект беше принудена да зафати одреден мал процент од јавната површина на паркот, но за возврат со урбанизацијата граѓаните ќе добиат уште еден уреден комунален објект за одмор и рекреација. А со средувањето на сообраќајниот хаос во голема мерка ќе се подобри и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Во овој дел на градот општината создава услови за правилно паркирање и непречено движење на пешаците и возилата.

Loading
СЕ АСФАЛТИРА ОБИКОЛНИЦАТА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

СЕ АСФАЛТИРА ОБИКОЛНИЦАТА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

Започна реализацијата на завршната фаза на проектот на Општина Кавадарци за ревитализација на обиколницата „Северен булевар“.

Во оваа фаза се поставува грубиот порамнувачки слој на асфалт на потегот од спојот со улицата „Шишка“ кај Општа болница се до спојот со Булеварот „Никола Минчев“ под Хотел „ФЕ-НИ“.

Според планот во наредните денови ќе се постави и финиот слој асфалт по што реконструираната обиколница ќе биде ставена во функција.

Овој проект опфати целосна реконструкција со отстранување на стариот асфалт и подлогата, се постави нов тампон, потоа рабници, а се постави и системот за дренажа.

Од спојот со улицата „Ѓорѓи Соколов“ се подигна нивото на улицата за да се нивелира коловозот на местата каде претходно се собираше вода по обилните дождови. Притоа се постави атмосферска канализација со што повеќе нема да има проблеми во сообраќајот.

Ревитализацијата на регионалната улица „Северен булевар“ е капитален објект на Општина Кавадарци со кој се подобри и источниот влез на градот од Неготино кон Прилеп.

Loading
ВОЗАРЦИ ЌЕ ДОБИЕ ДЕТСКА ГРАДИНКА

ВОЗАРЦИ ЌЕ ДОБИЕ ДЕТСКА ГРАДИНКА

Општина Кавадарци во рамките на Програмата за комуналната изградба реализира проект за градба на детска градинка во село Возарци.

Станува збор за преадаптација на поранешниот објект на амбулантата, кој сега со реконструкцијата ќе биде двонаменски.

Проектот предвидува изградба на детска градинка со преадаптација на дел од просторт каде ќе има занимална, санитарен јазол,чајна кујна и просторија, а преостанатиот простор  ќе ја има функцијата на амбуланта.

Овој проект општината го реализира на барање на жителите од Возарци. Со неговата изградба и предавање во функција општината ќе обезбеди подобри услови за граѓаните во делот на предшкослата возраст како и во примарното здравство. А проектот ќе го подигна уште повеќе и онака добриот стандар на живеење во оваа урбана средина.

Loading