Категорија: Проекти

Покана за Втора форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“

Покана за Втора форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“

Локална самоуправа – Кавадарци во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, а во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ почнува со реализација на  Форуми во заедницата и Ве поканува да бидете дел од нив.

Во покануваме да присуствувате на форумот на заедница каде,  Вие со ваште идеи и потребите одлучувате како ќе ја  изградите вашата иднина.

 

Одлучи сам за твојата околина/ својата општина.

 

Втората  форумска сесија ќе се одржи на 26.06.2019 година во Општинската сала на Општина Кавадарци во 13.00 часот.

Со почит,

 

Претседавач на совет                                           Градоначалник на општина Кавадарци 

Ристо Сакалиев                                                                                                       Митко Јанчев

 

ПОСТАВЕНИ РАБНИЦИ НА УЛИЦАТА „СКОПСКА“

ПОСТАВЕНИ РАБНИЦИ НА УЛИЦАТА „СКОПСКА“

Во завршна фаза на реализација е проектот за реконструкција на улицата „Скопска“..

Деновиве беа поставени нови  рабници на целата должина од улицата. Според проектот се реконструираат 170 метри од спојот со ул.Вишешница“ до спојот со ул. „22 Декември“.

Општината со Јавното претпријатие „Комуналец“ изврши реконструкција на старата и дотраена подземна инфрастуктура. Се поставиа нова водоводна, како и линии за фекална и атмосферска канализација.

По посатвувањето на рабниците ќе следи завршната фаза со асфалтирање.

Loading
АСДВАЛТИАЊЕ НА СПОЈОТ НА БУЛЕВАР  „МОША ПИЈАДЕ“ СО „ИНДУСТРИЈСКА“

АСДВАЛТИАЊЕ НА СПОЈОТ НА БУЛЕВАР „МОША ПИЈАДЕ“ СО „ИНДУСТРИЈСКА“

Општина Кавадарци преку ангажираната фирма денеска изврши асвалтирање на дел од Булеварот „Моша Пијаде“ на спојот со улицата „Индустријска“.

Овој зафат е дел од проектот МСИП за реконструкција на главните улици во градот. Во оваа фаза се обновува асвалтот на површина од 1200 метри квадратни. Претходно на оваа површина беше изгребана старат и дотраена асвалтна подлога.

Според проектот вонаредната фаза ќе се обновува асвалтото на целата долѓина од булеварот се до стариот кружен тек кај Автобуската станица.

Loading
АРМИРАНО БЕТОНСКИ ПОТПОРЕН ЅИД НА УЛИЦАТА „ЃОРЕ БРУШАНСКИ“

АРМИРАНО БЕТОНСКИ ПОТПОРЕН ЅИД НА УЛИЦАТА „ЃОРЕ БРУШАНСКИ“

Во фаза на релизација е уште еден комунален проект со чија изградба ќе се реши значаен комунален проблем за дел од жителите на улицата „Ѓоре Брушански“.

Општина Кавадарци преку знгажираната фирма „„Мулти градба“ гради армирано бетонски потпотен ѕид во должина од 16 метри.

Ова е втора фаза од проектот кој започна да се релизира минатата година. Со изградбата армирано-бетонскиот ѕид ќе се стабилизира земјиштето, а ќе се дооформи и коловозот на двете улици под и над ѕидот.

Loading
ПОТПОРЕН ЅИД НА УЛИЦАТА „ФЕВРУАРСКИ ПОХОД“

ПОТПОРЕН ЅИД НА УЛИЦАТА „ФЕВРУАРСКИ ПОХОД“

Оштината преку оперативата на ангажираната фирма „Мулти градба“ од Кавадарци реализираше уште еден комунален проект.

На улицата „Февруарски поход“ е изграден потпорен ѕид од бетонски цигли ао намена за стабилизација на земјиштето и проширување на јавно прометната површина од учицата и просторот над ѕидот за влез во куќите.

Проектот се рализира на барање на граѓаните, а со неговата реализација општината реши уште еден проблем кој се провлекува низа години.

Loading