Категорија: Проекти

Реконструирано детско игралиште на Булевар Никола Минчев

Реконструирано детско игралиште на Булевар Никола Минчев

Заврши реконструкцијата на детско игралиште на Булевар Никола Минчев, на кое беше поставена гумена подлога, се поставија нови дрвени детски играчки и се репарираа постоечките. Истото го изведуваше Метал Апостолов и за неговата реализација се одвоени 1 330 185 денари.

Изградба на детско игралиште во дворот на СОУ Ќиро Спанџов- Брко

Изградба на детско игралиште во дворот на СОУ Ќиро Спанџов- Брко

Реализиран е уште еден проект за изградба на детско игралиште во дворот на СОУ Ќиро Спанџов- Брко. Согласно проектот, поставена е гумена подлога, се поставија нови дрвени детски играчки и по целата должина беше изведена и заштитна метална ограда. Истото го изведуваше Метал Апостолов и за неговата реализација се одвоени 1 337 540 денари.

 

Заеднички активности за намалување на бездомните животни помеѓу Општина Кавадарци и Здружението на граѓани за заштита на животните „Шепи 2021“

Заеднички активности за намалување на бездомните животни помеѓу Општина Кавадарци и Здружението на граѓани за заштита на животните „Шепи 2021“

Општина Кавадарци и Здружението на граѓани за заштита на животните „Шепи 2021“ на 11.06.2021 година, започнаа заеднички активности за намалување на бездомните животни. Меѓу неколкуте активности кои ќе се реализираат е и пописот на кучиња и мачки кои имаат сопственици. До сега попишани се околу 300 кучиња и 150 мачки. Некои од сопствениците не сакаат да ги попишуваат своите домашни миленичиња, со тоа што и тие се евидентираат како такви. Се работи на апликација преку која сопствениците ќе можат и сами да ги внесат своите нови домашни миленици во системот.

Деновиве се започне со монтажа на информативните табли кои ќе бидат поставени на 10 локации во Општина Кавадарци, а на истите ќе бидат испишани совети за грижа и заштита на милениците. Во наредниот период ќе се започне и со уредување на две локации кои ќе се наменат за паркови за миленици со соодветни реквизити.

Реализацијата на овој проект не води кон планирање и реализација на уште еден голем проект кој е од суштинско значење кога се во прашање животните, а тоа е изградба на стационар за згрижување на бездомни кучиња.

Отпочнати градежните работи на објектот чија намена е Вински салон

Отпочнати градежните работи на објектот чија намена е Вински салон

Градежните работи на објектот чија намена е Вински салон, се одвиваат непречено. Објектот се очекува да биде ставен во функција на 7ми септември. Новиот Вински салон за промоција на малите семејни винарии ќе претставува место каде што секој љубител на вино ќе може да ужива.

Општина Кавадарци во соработка со Здружение на семејни винарии го адаптира просторот за промоција на малите винарии со изложбен простор и промоција, како и дел за енолозите кои стручно ќе презентираат. Со реализацијата на овој проект Општина Кавадарци ќе добие Вински салон по највисоките стандарди а пред се добра презентација на малите семејни винарии. Финансиската вредност на овој проект е 720 000 денари.

Општина Кавадарци преку МТСП и Црвен крст-Кавадарци со средства во висина од 12 милиони денари ке се грижи за 100 лица

Општина Кавадарци преку МТСП и Црвен крст-Кавадарци со средства во висина од 12 милиони денари ке се грижи за 100 лица

Општина Кавадарци преку МТСП и Црвен крст-Кавадарци со средства во висина од 12 милиони денари ке се грижи за 100 лица, главно изнемоштени, болни, луѓе кои сами неможат

да се опслужуваат. 20 негователи кои се со лиценци ке ја работат ова работа една година, но понатаму се стварат услови ова дејност да стане постојана и да заживее без временски

ограничувања, како постојана служба со свои овластувања и дејност.

Градоначалникот Митко Јанчев деновиве го посети центарот и беше запознат со можностите кои се нудаат.