ПОСТАВУВАЊЕ НА РАБНИЦИ НА УЛИЦАТА „2 БРИГАДА“
Оперативата на ангажираната фирма „Коле транс-инжинеринг“ од Штип работи на реализација на проектот за реконструкција на улицата „2 Бригада“.
Според проектот на Општина Кавадарци на оваа улица предмет на реконстрикција се: нова подлога, рабници и поставување на 800м2 асвалт.
Деновиве се работи на поставување на нови рабници со кои ќе се формира контурата на улицата.
Претходно беше отстранета старата и дотраена асвалтна подлога како и рабниците.
Реконструкцијата на улицата е на барање на жителите од овој дел на Кавадарци.