Категорија: Проекти

НОВИ ЖАРДИЊЕРИ НА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

НОВИ ЖАРДИЊЕРИ НА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

Оперативата на фирмата „АС Машини“ е при крај на реализација на проектот за изградба на нови жардињери на делница од улицата „Западен булевар“.

Општината Кавадарци преку ангажираната оператива реализира партерно и хортикултурно уредување на оваа регионална улица по која се одвива сообраќајот на реалција Неготино-Прилеп.

Откако ќе се изгради новата жардињера на потегот од „новиот кружен тек“ до „старата бензинска“ општината во неа ќе реализира хортикултурно уредување на просторот.

Loading
ЗАВРШИ АСВАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦАТА „ЦАНО ПОП-РИСТОВ“

ЗАВРШИ АСВАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦАТА „ЦАНО ПОП-РИСТОВ“

Општина Кавадарци денеска финишираше со ревитализацијата на коловозот на улицата „Цано Поп-Ристов“. Ангажираната оператива го реализираше поставувањето на завршнио фин слој на асвалт, во должина од 340 метри на потегот од спојот со улицата „Блажо Алексов“ до спојот со улицата „Илинденска“.

Конечниот нов изглед оваа улица ќе го добие утре откако ќе се асвалтира и изгребаната површина на раскрсницата меѓу улиците „Цано Поп-Ристов“ и  „Пано Мударов“ со „Илинденска“ кај старат автобуска.

Носител на договорната обврска е градежната фирма „Бетон“ од Скопје.

Финсниските средства се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти,  МСИП.

Loading
САНИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД ФАСАДИТЕ НА ОБЈЕКТИ ОД ЗНАЧЕЊЕ ОПШТИНАТА

САНИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД ФАСАДИТЕ НА ОБЈЕКТИ ОД ЗНАЧЕЊЕ ОПШТИНАТА

Општина Кавадарци започна со реализација на проектот за санирање на фасадите на колективните станбени згради во централното градско подрачје, кои се утврдени како објекти од значење за Општина Кавадарци.

Во акцијата се опфатени вкупно 13 згради на кои ќе се врши интервенција за санирање на сачокот, замена на олуците, како и крпење и фарбање на фасадите.

Акцијата започна со зафат на дел од зградата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе”. Деновиве се одвиваат градежните работи на зградите бр.51, и бр.53, на ул.„7-ми Септември“. Во наредниот период ќе продолжи со градежни работи на зградите: бр.13, ул.„Браќа Хаџи-Тефови“, бр.2, ул.„Благој Крстиќ“, каки и на објектите: бр.1 на ул.„Фердо Росомански“, бр.2 (источна фасада), ул.„Тиквешко Востание“ бр.2, ул.„Илинденска“ бр.11 (Халк Банка), ул.„Илинденска“ – Водостопанство Тиквеш, ул.„Илинденска“ бр.32 (стара Палма), ул.„Илинденска“ бр.67 (Тутунска банка), а ќе се интервенира и на Општинската зграда јужна фасада (заден дел).

При извршувањето на активностите, ќе бидат спроведени неопходните мерки на препазливост за заштита на граѓаните.

За оваа намена општината ќе инвестира 5.361.793 денари, а парите се обезбедени од буџетото на опшштината. Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“.

Loading
Изградба на пумпна станица за водоснабдување на селата Бојанчиште и Куманичево

Изградба на пумпна станица за водоснабдување на селата Бојанчиште и Куманичево

Новиот начин на водоснабдување на селата Бојанчиште и Куманичево се темели на водоснабдување по пат на пумпна станица. Со ваквиот начин на водоснабдување се отвора вентилот кој беше подзатворен и водата слободно протекува во цевководот кон градот. На овој начин во градот ќе се добијат дополнителни 10л/с. вода а на централите ќе се зголеми производството на електрична енергија. Оваа инвестиција е околу 20 000 евра и истите само од дополнително производство на електрична енергија би се вратиле за неполни 3 години.

Loading
НОВИ ФОНТАНИ НА ПЛОШТАДОТ

НОВИ ФОНТАНИ НА ПЛОШТАДОТ

Општината Кавадарци ги обновува фонтаните пред зградата на Локалната самоуправа.

Специјализираната фирма „Водена оаза“ од Скопје изврши целосна репарација на базените од постојните фонтаните. Во нив освен старите централни млазници, според проектот се поставуваат кружни фонтани со конструкција од инокс. Секоја конструкција има повеќе млазници.

Водата во фонтаните ќе ја придвижуваат вкупно шест пумпи, по три во секоја фонтани. Нивната сила од водата ќе создава најразлични форми.

Навечер фонтаните ќе бидат осветлени со подводни рефлектори водата поставени на кружните конструкции.

Општината со овој проект ќе му даде дополнителна вредност на реконструираниот градски полштад.

Loading