Категорија: Проекти

Започна реконструкцијата на „Северен булевар“ во Кавадарци

Започна реконструкцијата на „Северен булевар“ во Кавадарци

Општина Кавадарци започна со реализација на капитален проект за реконструкција на „Северен Булевар“. Оперативата на агажираната фирма изведувач работи на отстранување на стариот асфалт. Со ова практично стартуваше втората фаза од ревитализацијата на една од најзначајните сообраќајници, која има и функција на заобиколница.
Втората фаза предвидува реконструкција на вкупно 900 метри од улицата и тоа на потегот од спојот со булеварот „Никола Минчев“ до спојот со улицата „Шишка“ кај Општа болница Кавадарци.
Носител на договорната обврска е градежната фирма „Бетон“ од Скопје.
Финансиските средства се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти, МСИП.

ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА НОВИТЕ ЖАРДИНЕРИ НА ПЛОШТАДОТ

ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА НОВИТЕ ЖАРДИНЕРИ НА ПЛОШТАДОТ

Привршува проектот за разубавување на градскиот плоштад. Ангажираната фирма деновиве работи на хортикултурното уредување на новоизградените зелени површини.

Во новите жардинери се засадени 12 дрва од видот „Јапонска цреша“, од кои 10 на локацијата каде се наоѓаше летната сцена, како и две садници во жардинерата покрај улицата „Благој Крстиќ“. Хортикултурното уредување опфаќа садење на украсни растенија, цвеќиња и сеење на трева.

Со овој зафат градскиот плоштас добива хуманизиран и хортикултурно уреден лик, како катче за одмор на граѓаните.

Loading
СТАРИТЕ КЛУПИ ОД ПЛОШТАДОТ И БИТ ЗОНАТА  НА НОВИ ЛОКАЦИИ НИЗ ГРАДОТ

СТАРИТЕ КЛУПИ ОД ПЛОШТАДОТ И БИТ ЗОНАТА НА НОВИ ЛОКАЦИИ НИЗ ГРАДОТ

Во склоп на програмата „За убаво Кавадарци“ Општината го реализира проектот за надополнување на зелените јавно прометни површини со урбана опрема.

Деновиве на улицата „Илинденска“ се поставија нови типизирани клупи за одмор со ист дизајн како оние на плоштадот. Но општината старите клупи кои беа во употреблива состојба ги обнови и тие ќе бидат распоредени на повеќе локации низ градот.

Вкупно се заменети 25 клупи кои по репарирањето ќе се постават на следните  јавно прометни површини чии локации се: Бул. „Моша Пијаде“, Згради „Лепотици“, зад катастарот, Бул. „Никола Минчев“ кај УЈП, Бул „Кочо Рацин“ под „Пикасо“, Себастијан детски парк,  мост кај ООУ „Пепето“, на локација кај стариот монопол, на паркче на ул „Витачево“ на ул. „Киро Крстев“ од мостот „Слога“ и во Градски парк.

Со овој проект општината ќе го подобри процентот на опфатеност со урбана опрема за одмор на граѓаните.

 

НОВИ КЛУПИ НА „ИЛИНДЕНСКА“

НОВИ КЛУПИ НА „ИЛИНДЕНСКА“

Општината Кавадарци постави нови клупи на улицата „Илинденска“.  Ангажираната фирма „Метал Апостолов“ според проектот изработи 40 типизирани клупи кои треба да се постават на тротоарите од двете страни на улицата.

Деновиве 25 нови клупи се поставени во делот на „БИТ“ зоната, а преостанатите 15 ќе се наместат на потегот од „старата автобуска“ во правец на новиот центар.

Станува збор за замена на старите со нови клупи кои се исти со оние на плоштадот. Општината согласно проектот старите клупи ќе ги репарира и ќе ги постави на повеќе локации во градот каде претходно се изврши партерно и хортикултурно уредување.

Во наредниот период ќе се реализира и проект за поставување на нова урбана опрема на јавно прометни површини во Кавадарци .

Loading
НОВА ВОИДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА ЛИНИЈА  НА УЛИЦАТА „СКОПСКА“

НОВА ВОИДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА ЛИНИЈА НА УЛИЦАТА „СКОПСКА“

Проектот за реконструкција на улицата „Скопска“ во должина од 170 метри е во одмината фаза на реализација.

Деновиве се изврши целосна реконструкција на подземната инфраструктура. Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ изврши реконструкција на старата и дотраена подземна инфрастуктура. Се поставиа нова водоводна како и линии за фекална и атмосферска канализација.

По извршената реконструкција на подземната инфраструктура ќе уследи асфалтирање на улицата.

Loading