Категорија: Проекти

Реконструкција на водоводна линија за краци на ул. Илинденска и крак на  ул.Маршал Тито и асфалтирање во с.Сопот

Реконструкција на водоводна линија за краци на ул. Илинденска и крак на ул.Маршал Тито и асфалтирање во с.Сопот

Во тек е реализација на проектот  “Реконструкција на водоводна линија за краци на ул. Илинденска и крак на  ул.Маршал Тито и асфалтирање” во с.Сопот, кој опфаќа замена на дотраените водоводни цевки со ПЕ црева. 

После извршените реконструкции на подземните водови се предвидува прередување со бехатон коцки на дел од улиците, а на дел асфалтирање. Инвеститор на проектот е општина Кавадарци со добиени гранд средства  за успешно реализиран проект финансирани  преку проектната единица и МСИП проектот за подобрување на општинските услуги на Министерството за Финансии, поддржан од Светска банка. Проектот има за цел подобрување на квалитетот на животот на месното население. 

Потпишан договор за изградба на водоводната мрежа во населба Брушани

Потпишан договор за изградба на водоводната мрежа во населба Брушани

Потпишан договор за изградба на водоводната мрежа во населба Брушани во износ од 21,901,643 денари. Со реализацијата на овај проект ќе се изградат 4,755 метри примарна мрежа и секундарна мрежа во должина од 10,627 метри. Проектот ќе се реализира во три фази и ќе се постават 600 нови приклучоци. Овој проект ќе се реализира од програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти.

Реконструкција на улицата “Илинденска”

Реконструкција на улицата “Илинденска”

Се отпочна со реализација на реконструкција на улицата “Илинденска” која е во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта”.

На општина Кавадарци и се доделени средства од владата на РСМ преку заемот на Светска банка, кој ќе се рализира од страна на Министерството за транспорт и врски, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура. Во овој проект се и улиците “Пионерска” и ”Браќа Џунови” во прв тендер.

Согласно одлуката од Влада на Република Северна Македонија за алоцирање на средства од договорот за заем за “Проектот за поврзување на локалните патишта” на општина Кавадарци и се доделени средства во износ од 1.112.010.21 €.

Потпишан договорот помеѓу Општина Кавадарци и младинските организации СППМД и Креактив

Потпишан договорот помеѓу Општина Кавадарци и младинските организации СППМД и Креактив

Општина Кавадарци и младинските организации СППМД и Креактив потпишаа договор за соработка со Општина Кавадарци за оварање на прв младински центар во државата. Општина Кавадарци е прва од трите општини во која се отстапува на користење простор за формирање на Младински центар. Уредувањето на просторот го изврши Агенција за млади и спорт а останатите трошоци се на Општина Кавадарци.

  

Ново улично осветлување во населба Голеш лоцирана на Тиквешкото Езеро

Ново улично осветлување во населба Голеш лоцирана на Тиквешкото Езеро

Aнгажираната оператива за интервенции на јавното улично осветлување работеше на поставување на комплетно ново улично осветлување во населба Голеш лоцирана на Тиквешкото Езеро. Оваа населба досега немаше улично осветлување а е една од најголемите населби на Тиквешкото Езеро. Во прва фаза се поставени околу 50 столбови а во наредната фаза ќе се постават и нови светилки. Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за живеење за сопствениците на куќи во оваа населба, како и за туристите кои го посетуваат Тиквешкото Езеро.