Категорија: Проекти

Општина Кавадарци започнува изработка на нов локален еколошки акционен план

Општина Кавадарци започнува изработка на нов локален еколошки акционен план

Овој врвен документ од стратешко значење за Општинава последен пат од советниците бил изгласан пред 21 година и дури ова локална влест тоа го чини поворно во далеку пооизменети услови на современ живот и промени навики и прописи во државата.

Тоа ја наметнува потребата и неминовноста од негово усвојување а потоа и имплементирање во системот кај нас. Впрочем законите кои се применуваат тоа го налагаат со вградување во урбанистичката сфера, просторното планирање, заштитата на водите и околината во која живееме и слично. Денеска се одржа стартната средба на која беа усвоени работни групи кои ке започнат да дејствуваат а тие секој месец ке ги координираат работите.Овој важен документ на ЛЕАП треба да го усвои Советот на Општината за да ставе практчно применлив.Со седницата претседаваше градоначалникот Митко Јанчев кој подробно говореше за потребата од донесување ЛЕАП а во дискусиите се вклулчија и повеќе стручни лица од различни области.

ПОДОБРУВАЊЕТО НА ЈАВНОТО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ЗАВРШНА ФАЗА

ПОДОБРУВАЊЕТО НА ЈАВНОТО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ЗАВРШНА ФАЗА

Општината Кавадарци деновиве привршува со реализацијата на проектот за подобрување на постојната мрежа од Јавното улично осветлување во градот. Досега се реализирани над 90% од предвидените работи. Проектот има за цел да го подигне нивото на осветлување на улиците, и да заштеди на потрошувачката на еелектрична енергија. 

Ангажираната оператива за одржување на Јавното улично осветлување во изминатите шеесет дена работеше на замена на старите ЛЕД ламби со нови ЛЕД ламби, како и на монтажа на високоефикасни ЛЕД ламби со јачина од 19 W  .  

Проектот опфати 30 улици со 41 локација, каде досега се изврши замена на вкупно 300 светилки. Со ова се создадат услови за непречено и безбедно движење на граѓаните во ноќните часовои.

Паралелно со овие активности се одвиваше и тековното одржување на мрежата од јавното улично осветлување во градот и селата.

Во општината во тек е тендерска постапка за подобрување на уличното осветлување во градот и населбита околу Тиквешкото езеро за изградба на нови линии во мрежата.

АСФАЛТИРАЊЕ  НА ДЕЛ ОД  УЛИЦАТА „МЕТОДИ ЏУНОВ-ЏИКО“

АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „МЕТОДИ ЏУНОВ-ЏИКО“

Oперативата на ангажираната фирма „Жикол“ од Струмица денеска ги изведува завршните работи за асфалтирање на дел од ул.„Методи Џунов-Џико“ близу локалитетот „Калница“.

Ќе се асфалтираат 400 метри од улицата со што завршуваат градежните работи на капиталниот проект на Општина Кавадарци: „За подобрување на општинските услуги, Грант од Светска банка преку Министерството за финансии, за социјална вклученост „МСИП-2-СГ-НЦБ-002-20“.

Проектот се однесува на Реконструкција на водоснабдителен систем, одделување на атмосферска канализација и асфалтирање на ул.„Клинска“ и дел од ул.„Методи Џунов-Џико“.

Работите на овој капитален проект започнаа во декември 2019 година, а денеска  се работеше на негово целосно заокружување.

 

ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ГРАДСКИОТ ПАРК „ЉУПЧО ШКАРТОВ“

ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ГРАДСКИОТ ПАРК „ЉУПЧО ШКАРТОВ“

            Општина Кавадарци  со нов проект го обновува градскиот парк. Во оваа фаза од работите се врши санирање на оштетувањата на постојните патеки, како и на оформување на нови патеки и содржини.

            Ангажираната оператива на фирмата „ТЕС инжинеринг“ од Скопје денеска ги прередуваше оштетувањата на дел од патеката под Спомен костурницата. Специјализираната екипа работници ги прередуваа гранитните коцки. Освен ова се врши и санација на оштетените и рушени делови од парапетните камени ѕидови. Суштински дел од овој капитален проект на општината е задржувањето на оргиналнот стил на градба, како и на материјалите, со што нема да се наруши автентичноста на градскиот парк „Љупчо Шкартов“.

            Проектот предвидува и изградба на  две нови пешачки патеки на второт ниво како продолжение на постојните, со што ќе се заокружи шеталиштето до костурницата и од западната страна  со панорама на градот. новите патеки ќе бидат со должина од 520 метри. Овој дел од реконструкцијата ќе се заокружи со изградба на нова јавна чешма која ќе го симболизира виното.

            За реализација на овој проект општината од буџетот че инвестира 1.151.359 денари.

            Претходно во склоп на кампањата за ревитализација на градскиот парк општината изврши целосно расчистување на површината на паркот, како и на добар дел од уништената хортикултура, при што се изврши нејзино целосно обновување со нови садници и трева.

МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ ВО ПОСЕТА НА  ООУ „СТРАШО ПИНЏУР“

МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ ВО ПОСЕТА НА ООУ „СТРАШО ПИНЏУР“

Министерката за образование Мила Царовска денеска беше во работна посета на општина Кавадарци. Во придружба на градоначалникот м-р.Митко Јанчев изврши увид во градежните работи на изградбата на спортска сала во општинското основно училиште „Страшо Пинџур“.

Спортската сала во училиштето ќе овозможи подобрување на наставата по физичко воспитување, а ќе се користи и за друг вид манифестации и настани.

Министеркста Царовскa и градоначалникот Јанчев оценија дека ова е капитален инфраструктурен објект, кој заеднички го градат општината и државата, а е во правец на заедничките определби за унапредување на условите во образованието.

Првачиња од училиштето на Царовска и Јанчев им подарија симболични благодарници со посвета изработени од учениците, како знак за благодарност што наставата по физичко образовзние во иднина ќе ја изведуваат во современи услови.