УШТЕ ТРИ УЛИЦИ СО ПОДОБРЕНО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
Денеска ангажираната оператива за интервенции на јавното улично осветлување работеше на замена на ламби на улиците: „Прилепска“, дел од ул. „Игман“, како и на ул.„Љубашка“ каде беа заменети последните три ламби од вкупно предвидените четиринаесет ЛЕД ламби. Се продолжи релизацијата на проектот за подобрување на јавното осветлување на вкупно предвидените 30 улици.
Досега се заменија ламби на 9 од вкупно предвидените 30 улици. Проектот има за цел да ги подобри условите за непречено и безбедно движење на граѓаните во ноќните часови, заштеда на електричната енергија, како и подигање на еколошките стандарди.
Во наредниот период општината продолжува со проектот.