Категорија: Uncategorized

Симулациска вежба за управување со кризи во Општина Кавадарци

Симулациска вежба за управување со кризи во Општина Кавадарци

Денес во посета на Општина Кавадарци и градоначалникот Митко Јанчев, е амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија г-ѓа Рејчел Галовеј. Тие имаа кратка работна средба, по што ќе присуствуваат на ,,Симулациска вежба за управување со кризи во Општина Кавадарци” организирана од Институтот за демократија ,,Социетес Цивилис”, и Британската амбасада, во соработка со Општина Кавадарци.

Целта на вежбата е практично да ја утврди поставеноста, начините на одлучување, нивото на координација, нивото на материјалните капацитети и практичните предизвици на Oпштина Кавадарци при управувањето на ризици од несреќи и катастрофи.

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана Љубаш 2

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана Љубаш 2

Врз основа на член 62,  став (10) од Законот за урбанистичко планирање (,,Сл.Весник на РСМ” бр.32/20) и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Кавадарци за 2021 година со Одлука број 08-3077/7 од 27.05.2021 годинаобјавена во Службен Гласник на Општина Кавадарци бр.74 донесена од страна на Советот на Општина Кавадарци, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното 

СООПШТЕНИЕ

За спроведување на јавен увид на 

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана Љубаш 2, за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште на КП 4107, КП 4108, КП 4109, КП 4110, КП 4111, КП 4112, КП 4113/1, КП 4113/2, КП 4114, КП 4115, КП 4116/1, КП 4116/2, КП 4117, КП 4118, дел од КП 4119, дел од КП 4120, дел од КП 4121КO Кавадарци-вгр, Општина Кавадарци 

Член 1 

Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана Љубаш 2, за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште на КП 4107, КП 4108, КП 4109, КП 4110, КП 4111, КП 4112, КП 4113/1, КП 4113/2, КП 4114, КП 4115, КП 4116/1, КП 4116/2, КП 4117, КП 4118, дел од КП 4119, дел од КП 4120, дел од КП 4121КO Кавадарци-вгр, ОпштинаКавадарцитех.бр.0801-115/21 од Јануари 2022,изработен од Друштвозапроектирање и одржувањенаобјекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ ДООЕЛ Кавадарци.

Член 2

Проектниот опфат на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана Љубаш 2, за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште на КП 4107, КП 4108, КП 4109, КП 4110, КП 4111, КП 4112, КП 4113/1, КП 4113/2, КП 4114, КП 4115, КП 4116/1, КП 4116/2, КП 4117, КП 4118, дел од КП 4119, дел од КП 4120, дел од КП 4121КO Кавадарци-вгр, ОпштинаКавадарци е опфатена во рамките на урбаниот опфат на Просторниот План на Република Македонија, според кој се изработени условите за планирање на просторот од страна на Агенцијата за планирање на просторот – Скопје, Република Македонија, со технички број Y20121 од Август 2021.
Границите на планскиот опфат се:

–          На север граничи со соседни парцели  КП 3959 КО Кавадарци вон град

–          На исток граничи со соседни парцели КП 4121, КП 4120 и КП 4119 КО Кавадарци вон град

–          На југ граничи со КП 4358, КП 4356, КП 3455 и КП 4354 КО Кавадарци вон град

–          На запад граничи со КП 9587 и КП 4106 КО Кавадарци вон град 

Површината на проектниот опфат на урбанистичкиот проект изнесува 70000м2.

Со овој урбанистички проект се планира градба на површински соларни и фотоволтаични електрани.

Во границите на планскиот опфат планирано е  оформување на една нова градежна парцела согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање, одредување на катноста на градбата, површината за градба, компатибилните намени и сообраќајните пристапи, согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање за ваков тип на објекти.

Парцелите се со следните класи на намена:

Е – инфраструктури

Е1.13 Површински соларни и фотоволтаични електрани

Е1.8 – Инфраструктура за пренос на електрична енергија. 

Со можност за вградување на компатибилни класи на намена на основните согласно Правилникот за урбанистичко планирање (,,Службен Весник на РСМ” бр.225/20 и 219/21).

Во рамки на градежната парцела се планираниПовршински соларни и фотоволтаични електрани и Инфраструктура за пренос на електрична енергија (Трафостаница).

Пристапот до градежната парцела ќе се обезбеди  од постоен пристапен пат од јужната страна т.е. дел од КП 9612 КО Кавадарци вон град.

 

ЈАВЕН УВИД 

На Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана Љубаш 2, за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште на КП 4107, КП 4108, КП 4109, КП 4110, КП 4111, КП 4112, КП 4113/1, КП 4113/2, КП 4114, КП 4115, КП 4116/1, КП 4116/2, КП 4117, КП 4118, дел од КП 4119, дел од КП 4120, дел од КП 4121КO Кавадарци-вгр, ОпштинаКавадарци изработен од Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ дооел со тех.бр.0801-115/21 од Јануари 2022 ќе трае 15 (петнаесет) дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Кавадарциhttps://kavadarci.gov.mk/ ина официјалната страна е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во  период од 21.02.2022 до 07.03.2022 година за кое време може да се достават евентуални забелешки, секој работен ден од 8.00 до 16.00 во просториите на Одделението за Урбанизам при Општина Кавадарци.

Анкетен Лист за ДУП Уни Палас

Анкетен Лист за ДУП Уни Палас

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената П Р О Г Р А М А за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година, Глава IV, точка 42, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на ПОВТОРНА Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Детален урбанистички план за УЕ 5, блок 5.5, “Уни Палас” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

 

Граници на планскиот опфат се :

  • исток: осовина на станбена улица „Орце Николов“
  • југ: осовина на сервисна улица бул.„Кочо Рацин“
  • запад: осовина на сервисна улица бул.„Никола Минчев“
  • север: осовина на сервисна улица бул „Македонија“

Површината на планскиот опфат изнесува 3,97 ха.

 

 ПОВТОРНАТА Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 5, блок 5.5, “Уни Палас” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                Повторната Јавна анкета трае од 23.02.2022 до 01.03.2022  година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.