ЈАВЕН ПОВИК до доверителите на Општина Кавадарци и доверителите на единките корисници основани од Општина Кавадарци, за пријавување на доспеани, а неплатени обврски
Врз основа на член 8 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (,,Службен Весник на РМ,, бр.209/18), Градоначалникот на Општина Кавадарци, објавува
Ј А В Е Н П О В И К
до доверителите на Општина Кавадарци и доверителите на единките корисници основани од Општина Кавадарци, за пријавување на доспеани, а неплатени обврски
Се повикуваат сите доверители на Општина Кавадарци и единките корисници основани од Општина Кавадарци кои имаат доспеани, а неплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските заклучно со месец септември 2018 година, да се пријават во Општина Кавадарци со цел спогодбено утврдување на износот на обврските.
Рокот за пријавување на побарувањата изнесува 30 (триесет) дена од денот на објавувањето на Јавниот повик, не сметајќи го денот на објавувањето.
Со Пријавата, во која ќе биде означено дали истата се однесува за Општина Кавадарци или за единките корисници, доверителите се должни да ја достават и следната документација:
- Тековна состојба (за правните лица), не постара од 6 (шест) месеци, во оргинал или копија заверена на нотар,
- Фактура/Ситуација за задолжувањето (аналитичка картица),
- Договор или друг правен основ од каде произлегува побарувањето од доверителот кон Општина Кавадарци.
Документацијата заедно со уредно пополнетата пријава се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на пријавата ја потврдува со свој потпис и печат.
Пријавата за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од архивата на општината или да ја превземат од web-страната на Општина Kавадарци http://arhiva.kavadarci.gov.mk
Пријавата со потребаната документација да се достави лично во архивата на Општина Kавадарци ( од 8:30 до 16:30 часот секој работен ден) или преку пошта со препорачана пратка на ул,,Маршал Тито,, бр.2 Кавадарци, со назнака ,,За Јавен повик за пријава на доверители,, .
По завршувањето на Јавниот повик, Општина Кавадарци ќе ги разгледа пристигнатите пријави и ќе ги извести пријавените доверители за датумот и времето на одржувањето на преговарањето.
Подетални информации, заинтересираните правни субјекти можат да добијат на телефонскиот број 043-416-130 – Сектор за финансиски прашања или на електронската адреса : finansii.kavadarci@yahoo.com.
Пријавите доставени по истекот на рокот, нема да бидат разгледувани.
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2018 За унапредување на административен службеник во Општина Кавадарци
Врз основа на член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18),и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното мест за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/15 и бр.35/18), а согласно Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.09-2375/1 од 05.05.2016 година, Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-5645/1 од 29.11.2016 година, бр.09-762/1 од 24.02.2017 година, бр.04-5259/2 од 28.12.2017 година, бр.04-2391/1 од 25.04.2018 година, бр.04-4442/1 од 01.08.2018 година, бр.04-4679/1 од 20.08.2018година, и бр.04-6338/1 од 8.11.2018 година Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С БРОЈ 03/2018
За унапредување на пет (5) административни службеници
во општинската администрација на Општина Кавадарци
Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на административни службеници 5(пет) извршители и тоа:
- УПР 01 01 Г01 000 Самостоен референт – обуки во Одделение за обуки и оценување, Сектор за управување со човечки ресурси ………… 1 извршител;
- УПР 01 01 Г01 000 Самостоен референт – оценување во Одделение за обуки и оценување, Сектор за управување со човечки ресурси ………… 1 извршител;
- УПР 01 01 В01 000 Советник – заштита и спречување од загадување на водата, земјиштето и заштита на природата во Одделение за заштита на животната средина, Сектор
за комунални работи, урбанизам, сообраќај, и заштита на животната средина ………… 1 извршител; - УПР 01 01 В01 000 Советник – располагање со градежно земјиште во Одделение за располагање на градежно земјиште, Сектор за уредување и располагање со градежно земјиште ……….1 извршител;
- УПР 01 01 В01 000 Советник-администрирање на данок на наследство и подарок и данок на промет на недвижности, Одделение за администрирање на даноци и такси, Сектор за финансиски прашања …………1 извршител;
РЕАЛИЗИРНО ЗАПРАШУВАЊТО ПРОТИВ КОМАРЦИ
Екипа на Центарот за јавно здравје и комуналниот инспектор од општина Кавадарци синоќа спроведоа акција за запрашување против комарци. Запрашувањето се изврши на територијата на град Кавадарци.
Притоа беа опфатени: депонијата „Мелци“, влезовите во градот од правец на Росоман поточно од новиот објект на „Слога“, потоа од Глишиќ и од „Југокомерц“.
Третирање на теренот со соодветен инсектицид беше извршено и низ улиците во Кавадарци, а се запрашуваше и на Моклиште, спомен паркот 12 Младинци и во Ваташа.