Општина Кавадарци согласно Програмата за поставување на урбана опрема презеде активности за обновување на 27 автобуски постојки во склоп на јавниот превоз.
Во тек е нивно обновување во соработка со компанијата „Екстра бус“ од Кавадарци. Според новата одлука се врши ребрендирање со префарбување на опремата, како и уредување на просторот околу постојките. Со реализацијата на овој проект ќе се создадат подобри услови за граѓаните кои го користат јавниот градски превоз.