Комуналната изградба во општината продолжува. Оперативата на изведувачот „Ас Машини“ од Кавадарци започна со земјаните работи за реконструкција на дел од тротоарот на улицата „Димката Ангелов-Габерот“ во Кавадарци.
Во наредната фаза ќе следи поставување на тампон како подлога за поплочување со павер елементи на површина од 450м2.
Со овој проект се ревитализира дел од тротоарот на потегот од спојот со улицата „Нов Белград“ во правец кон мостот „Белка“.
За оваа намена општината ќе инвестира 520.000 денари од општинскиот буџет, сметка за комунална изградба.