Согласно програмата за комунална изградба, општина Кавадарци преку оперативата на градежната фирма „Павер трејд“ деновиве ги изведува подготвителните работи на подлогата за поплочување на крак од улицата „Игман“.
Станува збор за реконструкциј 210м2 на дел од улицата чија асвалтна површина претходно беше видно оштетена.
Согласно проектот сега ќе бидат поставени павер елементи низ целата должина од 60 метри до спојот со улицата „Словенска“
За оваа намена општината ќе потроши 200.000 денари од буџетот, од сметката за комунална изградба.