Фирмата „Метал Апостолов“ интензивно работи на проектот реконструкција на ограда и пешачки патеки на мостот „Слога“ кој ги спојува улиците „Димче Мирчев“ и „Слога“.
Станува збор за проект на Општина Кавадарци со кој целосно ќе се обнови старата ограда, како и пешачките патеки од двете страни на мостот. Овој зафат се реализира согласно програмата за комуналчна изградба 2017 година. За негова реализација ќе се потошат 700.000 денари од оперативниот буџет на општината.
Реконструкцијата на мостот по кој се одвива интензивен автомобилски и пешачки сообраќај освен што ќе го подобри визуелниот впечаток за овој мост, пред се, многу ќе придонесе за побезбедно движење на пешаците.