Според програмата за комунална изградба, општина Кавадарци преку фирмата „Инвест груп“ и ЈП„Комуналец“ започна со обновување на улицата „4 Јули“, каде Според проектот за реконструкција се работи на две позиции.

Јавното претпријатие „Комуналец“ најпрвин ќе изврши комплетна замена на старата и дотраена бетонска канализациа со профил фи150мм, со нова ребраста цевка чии профил изнесува фи 250мм.

Ќе бидат обновени вкупно 100 метри должни, со 12 пропратни приклучоци.

По завршувањето на реконструкцијата на канализација, ќе се пристапи кон целосна замена на стариот асвалт.

Оперативата на фирмата „Инвест груп“ ќе постави нова асвалтна подлога на вкупна површина од 1200м2, со дебелина од 5 сантиметри.

Новиот асвалт ќе се постави на потегот од спојот на улица „4 Јули“ со улицата „Илинденска“ до спојот со улицата „Љубашка“.

За реновирање на асвалтната подлога општината ќе инвестира 859.000 денари, пари од сметката на буџетот наменети за комунална изградба.