СЕ ПОДГОТВУВА ТЕРЕН ЗА ПОПЛОЧУВАЊЕ НА СПОРЕДНА УЛИЦА НА „ДИСАНСКА“

Во рамките на комуналната изградба во месец март, општина Кавадарци согласно програмата деновиве се работи на извршување на земјани работи на спореден крак на улицата „Дисанска“.

Станува збор подготовка на подлогата на крак од оваа улица веднаш над „Градскиот фудбалски стадион“. Се работи за должина од нешто повеќе од 100 метри. На тој простор  оперативата на градежната фирма „Инвест груп“  од Неготино за потребите на општина Кавадарци ќе постави бекатон коцки.

Проектот е согласно  активностите за комунална изградба.