Совет 25 седница

Во рамки на 25-тата редовна седница на Советото на општина Кавадарци на дневен ред беа вкупно 15 точки. Најмногу дискусии предизвика Предлог-Одлуката за делегирање на надлежностите за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на општината.

Во рамки на денешната седница советниците донесеоа одлука и правилник за делигирање на надлежностите на општината во делот на културата. Токму овие точки беа инспирација за повеќе советнички дискусии. Советниците од опозицијата со став дека не треба здружение на граѓани да ги организира културните манифестации, туку тоа да биде правно лице. Ваквата забелешка беше прифатена од страна на градоначалникот. Во повеќето дискусии на советниците акцент беше ставен на организирањето на стопанско туристичката и културна манифестација Тиквешки гроздобер која е главен белег на Кавадарци.  Со одлуката и правилникот  што на седницата едногласно  ги усвоија советниците се опфатени и манифвестациите  „Свети Трифун“, „Баскер фест“ и организираниот дочек на новата 2016 година на градскиот плоштад. Веднаш по усвојувањето на одлуката општината ќе објави Јавен конкурс за избор партнер кој ќе даде најповолна понуда. Доколку таков субјект нема тогаш надлежностите ќе се пренесат на Домот на културата.

Иако како дополнителна точка на дневниот ред сепак кај членовите на советот внимание предизвика Информацијата со предлог мерки за заштита на амбиенталниот воздух во Кавадарци. Во информацијата се наведува деака: Од 31 ден во декември, кавадарчани во 14 денови дишеле загаден воздух или имало неколку пати над дозволеното присуство на суспендирани честистички од 10 микрометри, ги информираше советниците и јавноста градоначалникот на општина Кавадарци. Загадувањето на амбиенталниот воздух и информацијата од Министерството за животна средина и просторно планирање  беше причина Советот да усвои неколку заклучоции кои треба да помогнат за намалување на загадувањето, а и да се одржи вонредна седница на која ќе се расправа за загадаувањето.

Претседателката на советот Горица Пеливанова-Вилхелм ги презентираше заклучоците кои ги усвои  Советот на предлог од комисијата за екологија.

„Советот на општина Кавадарци го задолжува ЈП „Комуналец“ двапати неделно да  врши миење на сите улици во град Кавадарци, особено околу градилиштата. Советот предложи градоначалникот да преговара со менаџерскиот тим на „Фени Индустри“ за времено пренасочување на тешките товарни возила по заобиколен пат до седиштето на фимрата, заради надминување на сосотојбата со зголеменото загадување на амбиенталниот воздух. Исто така советот побара медиумите редовно да известуваат за загадувањето и да се апелира до граѓаните да користат средства за јавен превоз, а патничките возила да не се користат без поголема потреба, со цел намалување на сообраќајот на моторни возила. Исто така се апелира до граѓаните  да ја намалат употребата на јаглен за загревање на домовите се додека постои ризик од зголемено загадување на амбиенталниот воздух, а показателите за загаденоста на воздухот да се истакнуваат на видео бимот поставен на општинската зграда.

На седницата едногласно без дискусија беа усвоени и неколку одлуки поврзани со урбанистичко планска документација, како и одлуки за примање и давање на трајно користење на недвижни ствари од Владата на РМ на ООУ „Тоде Хаџи Тефов“, “Страшо Пинџур“, „Тошо Велков-Пепето“ и „Димката Ангелов Габерот“ со проектот „Комјутер за секое дете“.

Со одлука на советот ќе се донираат средства за изградба на црквата „Света Петка“ во Кавадарци.

Совет - 25 седница Совет - 25 седница Совет - 25 седница Совет - 25 седница Совет - 25 седница Совет - 25 седница Совет - 25 седница