Советодавен телефон за помош при вработување – соработка помеѓу општина Кавадарци и АВРМ

Советодавен телефон за помош при вработување – соработка помеѓу општина Кавадарци и АВРМ

Oпштина Кавадарци-Локална Самоуправа во соработка со Агенција за вработување на РМ делува во насока на остварување на стратешката определба за зголемување на вработеноста што директно придонесува  на порастот на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот на граѓаните во општината. За таа цел во општината е поставен советодавен телефонски број кој што е наменет за сите лица на кои му се потребни информации и помош при вработување.

Општина Кавадарци континуирано ќе ги информира сите заентересирани невработени лица за можностите, активните програми и мерки за вработување (кредити за самовработување) како и за можностите за обуки, преквалификации и доквалификации на невработените лица,  додека правните субјекти ќе бидат информирани за средствата и поволностите што ги дава државата за проширување и развивање на сопствениот бизнис -што стимулира отварање на нови работни места.

Сите невработени лица од ранливите категории граѓани ќе бидат навремено информирани за сите активни мерки и политики за нивно вработување како и за новите законски измени на законот за вработување на лица со инвалидност кој ќе опфаќа вработување на лица со инвалидност во приватниот и јавниот сектор со што ќе се унапреди целокупниот квалитет на живот на лицата со хендикеп и ќе се обезбеди нивна целосна инклузија во општествените текови.

Ве информираме дека  Агенција за вработување на РМ ги нуди следните услуги:

  • Помош при барање на работа
  • Мотивациски обуки
  • Посредување при вработување
  • Услуги за работодавачите
  • Подготовка за вработување и за работа
  • Професионална ориентација и кариерно советување
  • Услуги за активирање на поединците изложени на ризик од социјално исклучување

Telefon

Советодавен телефонски број – општина Кавадарци 043/ 416-145