Ваташа, Кавадарци и Македонија денеска се сеќаваат на најтрагичниот настан од Втортата Светска војна. Денот кога во 1943 година во месноста Моклиште беа стрелани 12 ваташки младинци Пред споменикот во Моклиште кај село Ваташа се одбележа 74 годишнината од стрелањето. Младинците беа стрелани од бугарските окупаторски војници.
Делегации меѓу кои роднини на стреланите, градоначалникот Александар Панов, претставници на Советот на општина Кавадарци и на урбаната заедница Ваташа, претставници на борците и политичките партии пред споменикот положиа свежо цвеќе.
Одбележувањето започнува во 10:30 часот на платото пред споменикот во Моклиште каде за настанот говореше Марија Михова – кустос историчар при локален Музеј-Галерија Кавадарци.
Градоначалникот Панов истакна „Настанот во Моклиште тогаш ја зави Македонија во црно, а денеска ваквите настани, не само што не обврзуваат на почит, туку не опоменуваат и поучуваат, сугерираат на одговорност и разумност. Денешните генерации треба да се горди на претходните кои, со својата крв ја натопија земјата обезбедувајќи иднина за Македонија. 16 јуни 1943 е само еден од историските настани во црниот јуни, Тиквешкото востание од 1913, стрелањето на ваташките деца, убиството на Димката Ангелов-Габерот, стрелањето на родољубите во Дреновската клисура кај селото Фариш. Единствената порака која до нас ја праќаат ови 12 прерано згаснати живото е дека, ние денешните генерации треба да се отчетиме за нивната смрт. Да потврдиме дека таа не била залудна. Нивната смрт во позадина крие борба за слобода, независност, борба за суверена Македонија. Затоа ние денеска, а и оние што ќе дојдат после нас, несмееме да заборавиме дека некој пред нас за ова што ние денеска го уживаме, го дале најскапото, нивниот живот. Втората порака што тие ја упатуваат до нас е дека сите македонци треба да се сплотиме и заеднички да ја чуваме оваа Македонија која натопена со нивната крв ни ја оставија во аманет нам и на оние после нас. Ваташани, кавадарчани и тиквешани со жртвата на ваташките младинци оставија трага со златни букви врежана во македонската национална историја“
Пред споменикот беше изведена културно-уметничка програма во чест на 12 младинци а во изведба на учениците од основното училиште „Димкатра Ангелов-Габерот“ од Ваташа.