Во среда, на 19 август 2015, со почеток од 21.30 часот во Парк на револуцијата наспроти полицијата во Кавадарци, не очекува ексклузивен Џез концерт со “Por Ché Ne Trio“ и нивните гости.
„Por Ché Ne Trio“ е космополитски микс на три јаки музички личности, секоја од нив своевидна икона на традиционалната музика во нивните земји Аргентина, Италија и Македонија. На нивната стандардна постава Leo Genovese (Argentina) – piano, electronics, vocals, Francesco Marcocci (Italy) – acoustic bass, vocals и Александар Петров (Македонија) – drums, percussion, tapan, vocals, специјално на овој концерт ќе им се придружи Marie Petrov- (вокал, тромбон).
Нивната музика претставува трансверзала меѓу три континенти, преку оригинални композиции.
Досега настапувале во Аргентина, САД и др. Специјални гости на вечерта се прекалените кавадаречки џезери од бендот „Modern Jazz Quartet K“, со чиј настап ќе биде отворена оваа вечер.
Концертот е во рамките на “Топол културен бран“ и е во организација на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Министерството за култура на РМ и Локална самоуправа на Општина Кавадарци.
Во рамките на манифестацијата „Топол културен бран 2015“, во организација на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ Кавадарци, а со подршка на Министерството за култура на РМ и Локалната самоуправа Кавадарци, во четврток, на 20 август 2015, Кавадарци го очекува исклучителна уметничка вечер:
20.00 часот (Галерија при Дом на култура Кавадарци) – Отворање на изложба на познатиот македонски ликовен уметник Драган Најденовски од Битола;
20.30 часот (Галерија при Дом на култура Кавадарци)-Промоција на книгата “Етичари“ од Проф.Д-р Кирил Темков
21.00 часот (Ресторан-базен при Хотел Уни Палас 2)- Отворање на Меѓународна ликовна колонија „Михајлово – Кавадарци 2015“
21.30 часот (Ресторан – базен при Хотел Уни Палас 2) – Џез концерт на „Modern Jazz Quartet K“ од ЛКавадарци