ТРОТОАР НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „МЕТОДИ ЏУНОВ-ЏИКО“

Согласно програмата за комунална изградба од 2017 година Општина Кавадарци преку Оперативата на фирмата „Урбан Инвест“ ги изведува работите на проектот тротоар на улицата „Методи Џунов-Џико“

 Согласно овој проект ќе се постават павер елементи-бекатон коцки на површина од 130м2  на тротоарот од улицата на потегот од салата „Партизан“ до спојот со улицата „Браќа Миладинови“. Во оваа фаза се работи на тротоарот до оградата на Здравствен дом-Кавадарци.

Општината од оперативниот буџет за оваа намена издвои 140.000 денaри.

Ова комунално решение ќе овозможи поголема безбедност на пешаците коисе движат на овој правец, каде има се поголема фрекфенција на моторни возила.