Општина Кавадарци во рамките на реализацијата на програмата за комунална изградба работи и на обнововуање на постојните и изградба на нови тротоари.
Деновиве оперативата на фирмата „Градба промет“ е ангажирана на изградба на дел од тротоарот на улицата „Западен булевар“.
Се работи за делница со површина од 760 квадратни метри, на потегот од спојот со улицата „Вишешница“ до влезот во паркингот на спортската сала „Јасмин“.
На овој дел се поставуваат бехатон коцки, а за изградба на овој тротоар општината инвестира 978.000 денари. Парите се обезбедени од општинскиот буџет, сметка за комунална изградба.