Општина Кавадарци во чест на Денот на Европа, го организираше традиционалниот настан под мотото „Учиме заедно за Европа“ како дел од останатите триесеттина градови во Македонија што се вклучиа во организацијата на овој традисионален настан во организација на канцеларијата на ЕУ во Македонија и ЗЕЛС.
Во паркот на Револуцијата пред граѓаните се претставија учениците од ОМБУ „Лазо Мицев-Рале“, членовите на балетските студиа „Венус“ и „Модерен Балет-Старс“, детскиот хор при фестивалот „Ластарчиња“ како и деца од повеќе невладини организации.
Членови на НВО организации на импровизиран штанд ги претставиа основните карактеристики на Обединетото кралство Велика Британија, Словенија, Романија и Естонија.
Учесниците на манифестацијат песни и игри на платото во паркот на Револуцијата презентираа и неколку социјални игри од земјите членки на Европската Унија.